Децата кои поминуваат многу време пред екраните помалку разговараат со своите родители

Доколку телевизорот, таблетот или мобилниот телефон се користат како „е-бејбиситерка“, резултатот е забавување на развојот на некои важни функции кај децата, предупредуваат научниците.

1.294

Децата кои поминуваат многу часови дневно пред екранот го намалуваат времето за интеракција и разговор со нивните родители. Користењето на телевизорите и таблетите како „е-бебиситерки“ не остава време за игра и комуникација со родителите или другите старатели, покажува новото истражување објавено во JAMA Pediatrics.

До еден час дневно е доволно за децата да поминат пред екранот
Австралискиот тим на истражувачи го нарекува феноменот „техноференција“ – сценарио во кое „изложеноста на малите деца на времето пред екранот ги попречува можностите за разговор и интеракција во нивната домашна средина“.

Тековните упатства од Американската академија за педијатрија за деца на возраст од 2 до 5 години препорачуваат „не повеќе од еден час дневно користење на медиумите, за да им се овозможи доволно време да се вклучат во други активности важни за нивното здравје и развој“.

За жал, практиката покажа дека дури и помалите деца се изложени на екрани многу подолго од препорачаното време.

Испитани дневните навики на деца од 220 семејства
Во новата студија, истражувачите предводени од Мери Бруше од Универзитетот во Западна Австралија во Аделаида го следеле времето пред екраните на децата од 220 семејства. Тие, исто така, следеле колку време овие деца поминуваат во разговор со нивните родители. Во анализата биле опфатени деца од 12 до 36 месеци.

Група истражувачи користеле напредна технологија за следење на однесувањето на најмалите – на секои 6 месеци децата поминувале еден ден облечени во специјални кошули или елеци кои биле опремени со чувствителни монитори. Мониторите следеле и разликувале електронски шум (емитиран од екраните) и јазикот што го зборува детето, родител или друг возрасен.

Наодите од студијата покажале дека децата поминуваат речиси 3 часа дневно пред екранот

„Главниот наод на студијата беше јасен. Зголеменото време на екранот е поврзано со намаленото време за разговор помеѓу родителите и децата“, откриле истражувачите и објавиле дека „до тригодишна возраст, просечно дете во студијата гледало во некој вид екран два часа и 52 минути секој ден“.

„И за секоја дополнителна минута од времето поминато пред екранот, децата слушале помалку зборови од возрасните, помалку зборувале и учествувале во помалку интеракции прашање-одговор“, открила група научници.

Поконкретно, тим на научници открил дека до 3-годишна возраст, секоја дополнителна минута помината пред екран, без разлика дали гледајќи телевизија или компјутерски екран, е поврзана со 6,6 зборови помалку изговорени со возрасна личност тој ден.

Родителите не се свесни за влијанието на медиумите врз децата

Научниците нагласуваат дека родителите можеби не се свесни за влијанието на времето поминато пред екранот врз развојот на децата и можеби, како што велат, им треба поддршка за да се разбере потенцијалната врска помеѓу времето поминато пред екранот и можностите за децата и возрасните да разговараат и комуницираат во нивната домашна средина.
Експертите за развој на јазикот и за дигитални медиуми ги нарекуваат наодите од австралиската студија „импресивни“ и велат дека медиумите нема да исчезнат, но обрнувањето внимание на тоа како и кога се користат би можело да биде добар начин за напредување.

Повеќе