Деветгодишно дете сошило кошула за својот татко на час за шиење

Деветгодишно момче од Масачусетс, на час по шиење во училиштето, му сошило на својот татко кошула, а видеото што го објави таткото на ТикТок стана вирален хит

148

Таткото Арон се појави на својот профил на TikTok @daddyfiles за да се пофали со кошулата што му ја направил неговиот син Сем на час по шиење. Ова сестрано деветгодишно момче од Масачусетс решило да го изненади својот татко со преслатка кошула која ја сошил со свои раце. Видеото за кратко време стана вирално, а моментално има 13,7 милиони прегледи и неколку стотици илјади позитивни коментари.
Иако признал дека имал мала помош при шиењето на кошулата, талентираното момче сепак најголемиот дел го направил самиот.

Повеќе