Девојчињата се фокусираат на изгледот уште од градинка: Истражување покажало дека сакаат да бидат убави пред да научат да си го избришат носот

Девојчињата рекоа дека мора да бидат убави за да бидат девојчиња и дека е важно да се изгледа убаво“, вели главната авторка на истражувањето, Меј Линг Халим, во колумна за HuffPost.

165

Повеќето девојчиња ги разбираат културолошките очекувања да бидат убави пред да научат да читаат или пишуваат. Истражувачите интервјуирале 170 деца на возраст од три до пет години за да откријат на која возраст децата почнуваат да се грижат за својот личен изглед. Студијата покажала дека девојчињата од предучилишна возраст им придаваат големо значење на изгледот и убавината, додека момчињата на истата возраст – не.

„Девојчињата рекоа дека мора да бидат убави за да бидат девојчиња и дека е важно да се изгледа убаво“, вели главната авторка на студијата“, Меј Линг Халим, во колумна за HuffPost.

Кога им беше претставен избор на облека и занимања, девојчињата избираа поубави парчиња и занимања поврзани со изгледот, како што е манекенството. Ова е во согласност со друга студија која покажа дека девојчињата гравитираат кон играчки кои се фокусираат на изгледот.

„Ми се допаѓаат принцезите затоа што се убави“, е изјавата на едно од интервјуираните девојчиња.

Наместо тоа, омилените играчки на момчињата се оние во форма на ликови од акциони анимирани филмови, како што е Спајдермен.
Иако е откриено дека преокупацијата со изгледот започнува порано и е посилна кај девојчињата, претходните истражувања покажале дека речиси половина од момчињата на возраст од основно училиште не се задоволни со своето тело.

„Ако детето е веќе длабоко навлезено во овие родови стереотипи и телесни дисморфни идеали до својата петта година, само замислете што ќе размислува до наполнети петнаесет години“, предупреди Халим.

Градинката е особено критична, бидејќи тоа е период кога децата почнуваат силно да се идентификуваат со својот пол и имаат тенденција да „формираат родови стереотипи врз основа на информациите што им се достапни“, додава Халим.

„Бидејќи децата учат дека девојчињата се дефинираат според тоа како изгледаат, а момчињата според тоа што го прават, треба да ги промениме информациите што им ги испраќаме и што тие ги примаат“, нагласила таа.

Повеќе