Дома – немирни, со други луѓе како бубалки

Размислете за вашето однесување. Веројатно се однесувате поинаку и поформално во друштво на странци затоа што не сте сигурни како тие ќе реагираат. Но, во друштво на семејството и пријателите – вие сте целосно свои бидејќи се чувствувате безбедно и сакано. дури и кога имате лош ден. Вашите деца се однесуваат на ист начин!

305

Ако ви се чини дека вашите деца се однесуваат многу подобро со другите отколку со вас, не сте единствени. Всушност, постои дури и научен доказ кој ја поддржува оваа забелешка.

Дури и најпристојните деца понекогаш можат да се претворат во мали ѓаволчиња, особено кога нивните родители се со нив. Се разбира, освен француските деца, кои се, наводно, секогаш трпеливи, добри и пристојни.

Домот – безбедно место
„Беа ангели“, ни велат бабите и дедовците. „Таа е секогаш толку пристојна“, вели учителката. „Твојот син е многу добро момче, мирно и пристојно на часовите“, вели наставничката. Повеќето родители барем еднаш во животот ги слушнале овие и слични реченици. Многупати, на овие родители не им јасно за кого точно зборуваат овие луѓе. Тие дефинитивно не се такви ангели дома, или толку љубезни, толку мирни и пристојни. Но, можеби е така само дома?

Експертите тврдат дека домот е „безбедно место“ и поради тоа децата се чувствуваат доволно удобно за да ги испуштат сите емоции, позитивни и негативни, но и да ги тестираат сите можни граници.

Фактот дека домот е „безбедно место“ всушност има многу смисла кога станува збор за возрасни. На пример, кога возрасен ќе се врати дома по долг, напорен и исцрпувачки ден на работа – тој ќе ги ослободи своите негативни емоции дома.

„Децата се 800% полоши кога нивните мајки се со нив во собата“
Едно „лажно“ истражување предизвика дебата меѓу родителите. Имено, истражувањето спроведено на Универзитетот во Вашингтон набрзо стана вирално благодарение на ненаучниот наслов: ‘Децата се 800% полоши кога нивните мајки се со нив во собата’.

„Децата ги доведуваат во прашање границите, имаат изливи на бес и се многу полоши во друштво на нивните родители бидејќи се чувствуваат безбедно со нив“, објаснува детскиот психолог Кристал Ли, која има повеќе од 15 години искуство во работа со децата и нивните родители.

„Размислете за вашето однесување. Веројатно се однесувате поинаку и поформално во друштво на странци затоа што не сте сигурни како тие ќе реагираат. Но, во друштво на семејството и пријателите – вие сте целосно свои бидејќи се чувствувате безбедно и сакано. дури и кога имате лош ден. Вашите деца се однесуваат на ист начин!“

Од друга страна, педијатарот Стив Силвестро нагласува некои други можности кога станува збор за разликата во однесувањето на децата во друштво на нивните родители и во друштво на други луѓе:

Барање внимание:

„Децата секогаш покажуваат поекстремно однесување кога се обидуваат да добијат нешто од нас. Децата нè сакаат и копнеат за нашето внимание, па дури и негативното внимание е подобро од никакво внимание“.
Недостаток на доследност:

„Поинтересна причина е тоа што родителите се понеконзистентни во нивните реакции од другите возрасни во животот на децата“. На пример, воспитувачите и наставниците треба да се грижат за голем број деца истовремено, па за да „преживеат“ – цврсто се држат до правилата и рутините и дозволуваат помала слобода од родителите, кога станува збор за лошото однесување.
А, што се однесува до „800%“, психологот Клаудија Луиз ги советува родителите одвреме-навреме да прифатат лошо однесување.

„Кога децата си дозволуваат да се однесуваат лошо, тие исто така си дозволуваат да бидат ранливи, а тоа е нешто што треба да го прифатиме бидејќи поттикнува блискост, сигурност и сила“, вели психологот.

Повеќе