Еве зошто не треба да му давате на вашето бебе обична вода – дури ни во лето

Иако летните горештини се на својот врв, формулата или мајчиното млеко се сѐ што му треба на вашето бебе.

700

Топлотниот бран не стивнува и некако се надеваме дека ќе заврши што поскоро, бидејќи тешко се поднесува…

Водата е главно средство за разладување за многумина, а експертите не престануваат да ги потсетуваат возрасните и децата дека важно е да се консумира многу вода.

Но, во исто време, децата помлади од шест месеци воопшто не треба да пијат вода од чешма, дури и за време на летните горештини.

Експертите веруваат дека мајчиното млеко или формулата имаат сѐ што му е потребно на детето за развој.

Па дури и кога надворешните температури се високи, млекото е добар и единствен избор за малите суштества.

Кога на бебињата помлади од шест месеци им се дава вода, може да дојде до „труење со вода“, што може да има фатални последици.

Проблемот е што бубрезите на бебето сè уште не се доволно развиени, па дури и малите количества вода може да бидат опасни.

Нивното тело потоа ослободува натриум, кој може да влијае на активноста на мозокот и да предизвика напади и труење.

Американската академија за доење, Американското здружение на акушери и гинеколози, Американското здружение на семејни лекари, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и многу други организации препорачуваат ексклузивно доење во првите шест месеци од животот, пренесува Buzzfeed.

Ексклузивното доење е дефинирано како хранење со мајчино млеко без никакви додатоци, што значи без додавање вода, сокови, млеко од нечовечко потекло и друга храна, освен витамини, минерали и лекови (доколку е потребно).

Меѓутоа, бебињата кои се хранат соадаптирано млеко можат да имаат корист од малку вода во топло време, но тоа треба да биде флаширана вода, вода за бебиња или провриена вода од чешма.

Зошто водата е лоша за бебињата?

На бебињата кои се доени не им треба вода до шестиот месец, додека на бебињата кои се на вештачка храна може да им се даваат мали количини кога е топло.

Според Кејти Зерацки од клиниката Мајо, бебињата ги задоволуваат сите потреби за течности од мајчиното млеко или формулата.

„Дури и во најтопол ден, можат да ги задоволат сите потреби за хидратација преку мајчиното млеко или формулата“, изјавила таа за BuzzFeed.

Сите хранливи материи важни за раст и развој се наоѓаат во мајчиното млеко.

Водата може да влијае на способноста на телото да апсорбира протеини, витамини и хранливи материи кои се обезбедуваат преку мајчиното млеко.

„Давањето вода на новороденчето може да влијае на нивната способност да ги апсорбира хранливите материи.

Нивниот стомак е толку мал и лесно може да се наполни со вода, што им отежнува да ја добијат потребната исхрана“, додава фармацевтот Абас Канани.

Што ако бебето се напие вода?

Ако бебе под шест месеци консумира вода, тоа може да доведе до труење со вода.

„Интоксикација со вода се јавува кога консумирате премногу вода за краток временски период и нивото на натриум во крвта опаѓа.

Ова може да резултира со преоптоварување на бубрезите, што може да доведе до потенцијална нерамнотежа во нивото на електролити“, објаснува Зерацки.

Абас додава дека падот на натриумот е резултат на внесување на премногу вода во телото, што е познато како хипонатремија.

Подоцна, ова може да резултира со оток на мозокот, напади, а во некои ситуации може да биде дури и фатално.

Повеќе