Фати се за уши и играј: Три реченици кои го одбележаа родителството од минатиот век

Има неколку реченици кои на сите нам кои растевме минатиот век, барем еднаш ни ги кажале нашите родители, без оглед во кој крај од тогашната заедничка држава (СФРЈ) сме живееле

213


Нежното родителство, полно со разбирање за потребите на децата е дефинитивно, од понов датум.

Порано не беше така. Причината за тоа не е дека родителите ги сакале своите деца помалку или помалку се грижеле за нив, туку само поинаку се изразувале.

Ова се три реченици кои го одбележаа родителството во минатиот век.

Досадно ми е! Ако ти е досадно, фати се за уши и играј!

Ова е една од речениците со кои децата растеа пред половина век. Можеби беше проследено со кревање раменици, додека таткото е на пример занесен во читањето на весникот, а мајката е среде некоја активност што не сака да ја прекине.

Пораката што ја носи е: Не знам што да правиш со себе, најди нешто да се забавуваш, јас немам идеја.

Бидејќи е често изговарана, реалноста е дека барем едно дете некогаш навистина се фатило за ушите и почнало да игра.

Иако оваа реченица немала за цел никого да повреди, децата понекогаш овој одговор не го доживуваа како шега, туку како грубост.

Ми се јаде нешто слатко? Земи јаболко

Слатките едноставно не беа толку широко достапни како што се денес – не дека родителите повеќе се грижеа за своите деца пред половина век, но немаше толку многу кондиторски производи во понудата.

Колачите најчесто се правеле во недела, а јаболката секогаш биле при рака.

Оваа реченица секогаш беше проследена со воздишка на мало разочарување.

Не, додека си под мојот покрив…

Оваа реченица имаше за цел да ја спречи секоја луда идеја што ќе им дојде на ум на децата, а која излегувала од безбедната зона на родителството.

Со овие зборови би се прекинала најавата за каков било „ризичен потфат“, како што е фарбање на косата кај девојчињата или дупење на ушите кај момчињата.

Оваа фраза подразбираше дека децата мора да ги почитуваат правилата на нивните родители, дури и ако не се согласуваат со нив.

Повеќе