Физиотерапевтка ги предупреди родителите да не ја прават грешката што ја гледа кај сѐ повеќе бебиња

Девет од десет бебиња носат на рачето алка која им пречи да се потпрат на рачниот зглоб при ползењето, предупредува физиотерапевтката Христина Андрашевиќ

418

Од десет бебиња кои ги гледа, физиотерапевтката Христина Андрашевиќ забележала дека девет од нив носат алки на рачињата. И затоа решила преку Инстаграм да апелира до родителите да престанат да го прават тоа.

„Алките ја попречуваат нивната подвижност. На оваа фотографија се гледа разликата во положбата на потпирањето на подот и отворањето на раката. Не му давајте на детето стимулација на раката што не му е потребна, бидејќи таа рака ќе се движи поинаку од природното, а тоа не ви треба“, предупредува Андрашевиќ.
Инаку, освен алки, децата во православните семејства на рацете носат и бројаници (алки од нанижана мониста), кои служат за броење за време на молитвите.
„Сигурна сум дека бебињата не го прават тоа. Стисната тупаница или неможноста добро да се потпрат на рачниот зглоб е поголем проблем”, додала таа.

Повеќе