Гушкањето е најважно: 4 прегратки дневно за среќа, 8 за одржување на задоволството и 12 за самодоверба и развој

Важно е и времетраењето на прегратката. Кога се гушкаме 7 до 20 секунди, се ослободува окситоцин – познатиот хормон на среќата.

379

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето – е всушност една од најважните нешта во корист на здравиот психофизички развој кај малечките.

Испитувања спроведени од Националната детска болница во американската сојузна држава Охајо, покажуваат дека децата – колку повеќе се гушкани од родителите, толку се и попаметни. Имено, детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, па така е и поинтелигентно, побрзо расудува, подобро памети и знае како да се справи со разните и различни животни предизвици.

Споменатото истражување посочува и дека на децата им се потребни: четири прегратки дневно за среќно детство, осум за одржување на задоволството и 12 прегратки за самодоверба и за развој.

Важно е и времетраењето на прегратката. Имено, кога се гушкаме седум до 20 секунди, се ослободува окситоцин – познатиот хормон на среќата. Допирите и прегратките не само што го зголемуваат нивото на окситоцин, туку и ја намалуваат опасноста од кардиоваскуларни болести и го подобруваат имунолошкиот систем, и кај децата и кај возрасните.

Повеќе