Ања Рингрен Ловен од Данска со својот сопруг води сиропиталиште во Нигерија, во кое се сместени деца напуштени од нивните родители поради бизарни причини поврзани со суеверие.
Пред неколку години, целиот свет беше трогнат од приказната за спасување на едно момче од сигурна смрт кое таа го нашла како исцрпено и гладно талка по улиците. Медиумите тогаш пишуваа дека го оставиле затоа што мислеле дека е волшебник.
Иако се чинеше дека момчето ќе умре, нејзината грижа и љубов се заслужни за тоа што тој денес е жив и здрав, а Ања го нарече Хоуп.
Сега, со нејзините следбеници на социјалните мрежи, кои ја поддржуваат во нејзината благородна мисија, таа ја сподели приказната за уште едно дете кое било пронајдено во грмушка пред околу 20 дена.
„Само што му е направено повлекување на екстремитетите за да се поправи деформитетот“, пишува таа.
Ања вели дека малиот сѐ уште не може да зборува, но сигурна е дека тоа ќе се случи наскоро.
„Има оштетување на јазикот и говорот кое настанало по траумата што ја доживеало. Децата кои биле малтретирани можеби не сфаќаат дека тоа што им се случува е погрешно. Сепак, нивното тело и ум можат да реагираат на опасност и да развијат напади на паника и анксиозност“, напишала Ања.
Таа вели дека сега ужива во неговата насмевка и дека ѝ е драго што за кратко време се поправил.
Нејзината објава привлече големо внимание, а многумина во коментарите забележаа дека момчето покрај килограмите добило и сјај во очите.