Илјадници деца завршуваат секоја година во болница поради нудлите: Вкусната инстант намирница е особено опасна за малите деца

Уште во 2018 година, на Националната конференција на Американската академија за педијатрија биле презентирани податоци, според кои супите со инстант тестенини се причина за еден од пет случаи на изгореници кај децата. Се покажало дека оваа намирница е причина за повеќе од 9.500 изгореници кај деца на возраст од 4 до 12 години.

237


Инстант нудлите, евтино јадење што се загрева на шпорет или во микробранова печка, се водечка причина за изгореници кај децата, покажува новото истражување кое го спровеле истражувачите од Медицинскиот Универзитет во Чикаго.

Истражувачите проучувале 790 случаи на изгореници на деца од 2010 до 2020 година. Тие откриле дека кај 31 процент од нив, односно, кај 245 мали пациенти, причината биле инстант тестенините. Дури 40 отсто од изгорениците настанале кога децата биле оставени без надзор.

„Се чини дека секое второ дете е изгорено од инстант тестенини“, вели доцентот по хирургија Себастијан Вруве, додавајќи дека „количината на топлина што се создава со загревање на тестенините може да предизвика изгореници од втор и трет степен кај секого, особено кај децата. “

„Малите деца се особено ранливи поради нивното помало тело и потенка кожа“, предупредил тој и ги повикал родителите и старателите да ги надгледуваат децата.

Истражувачите појаснија дека скробната течност произведена кога инстант тестенините се варат, се покажало дека остава единствени изгореници во споредба со оние што настануваат од врела вода. Ова може да доведе до хоспитализација и, во потешки случаи, до операции на пресадување на кожа. Резултатите од студијата се објавени во списанието Burns.

Уште во 2018 година, на Националната конференција на Американската академија за педијатрија биле презентирани податоци, според кои супите со инстант тестенини се причина за еден од пет случаи на изгореници кај децата. Се покажало дека оваа намирница е причина за повеќе од 9.500 изгореници кај деца на возраст од 4 до 12 години. Најчесто изгорено подрачје е трупот.

Повеќе