Има ли спас од синуси? Нашата соговорничка тврди дека после 40 години си го нашла лекот

Нашата соговорничка која самата страдала од синуси цели 40 години, вели дека конечно си го нашла лекот. И не само тоа, им го препорачала и на свои пријатели за кои знаела дека имаат слични проблеми, а особено ѝ било драго кога една мајка која е докторка, го применила истиот лек и на своите деца, настинати и со затнати носиња. Сѐ им поминало само после 5 минути…

498

Можеби проблемите со синусите не ви изгледаат страшно, но оние кои си ја имаат маката, не мислат така. И јас секогаш кога ќе слушнам како некој се жали од синуси, си велам, е добро де, синуси, големо чудо.

Веројатно ова е слично како и со сите други работи кои додека не ги почувствувате на своја кожа, немате претстава колку исцрпувачки можат да бидат.

Па така, ако наидете на вакви страдалници и ако ги сослушате оние кои овој проблем ги мачи со години, ќе сфатите дека воопшто не им е лесно.

„Моментално сум затната, целото чело ме боли. Лицето ми е отечено, не можам да спијам. Сум пробала сѐ и сешто, ама никако трајно да го решам проблемот. Ако знае некој лек за трајно решавање на овој проблем, го молам да пише“, вели непозната страдалничка на еден од форумите на кој оние кои имаат ист проблем ги споделуваат своите искуства. 

Друга се жали и вели: „Јас веќе 10 години страдам од синуси, само што мене болката кратко ме држи, имам проблеми со кашлицата, бидејќи имам многу слуз кој ми се слева во грлото. Ги зрачев со ламба и бев мирна 4 години, ама оваа година пукнав, особено затоа што сум бремена и не смеам да земам лекови“.

Трет додава: „Синусите ми се проблем и мене, дури не можам ни на работа да одам, всушност, не можам ништо да правам. Веќе 6-7 години по ред имам страшни проблеми со синусите. Во зима посебно се воспалуваат и болат неподносливо. Мислам дека дури и осетот за мирис страшно ми отапе откако имам проблем со синусите“.

Во описот на типичните симптоми на акутен синузитис обично спаѓаат затнат нос, зголемено лачење на слуз, чувство на притисок и болка во пределот на зафатениот синус, а може да има и главоболка, обично наутро, како и покачена температура. Симптомите и локацијата на најсилниот притисок и болка варираат во зависност од тоа кој од синусите е најмногу погоден од воспалението. Ова може да предизвика болка во увото и вратот, забоболка, губење на чувството за мирис, насолзени очи. Најчести општи симптоми се замор и исцрпеност. И симптомите на хроничен синузитис не се разликуваат значително, освен што траат подолго, а кај некои луѓе никогаш не исчезнуваат целосно, а во одредени ситуации и се влошуваат.

Нашата соговорничка со која случајно се запознавме во Скопје, ги имала сите овие симптоми. Госпоѓа Смиља Лукач која доаѓа од соседна Србија мачела мака со синусите дури 40 години.

„Проблемите ми се појавија пред 40 години. Носот почна да се затвора и не можев да дишам. Дишев на уста, а потоа устата ми се сушеше и почнував да се гушам. Почнав да одам кај разни оториноларинголози. На снимките не се гледаше ништо, но ми утврдија присуство на стрептококи на белите дробови“, ја почна госпоѓа Смиља приказната за своите долгогодишни маки.

Почнала со лекување, но со секоја мала настинка тие повторно се враќале.

Употребувала разни капки за нос, некои ѝ помагале, некои не, а таа постојано и секаде имала со себе 4 шишенца капки во резерва.

„Капките ми го уништија мирисот и вкусот во устата и во носот, а животот со таков нос е тежок. Треба да излезеш некаде, па се криеш за да си капнеш капки во носот затоа што не можеш да дишеш. Таму каде што се пуши ниту случајно не можеш да влезеш затоа што ќе се загушиш.

Но потоа случајно на Фејсбук наидов на вест за ајурведски производи на страницата на Аyrveda.mk. Се обратив таму и господин Горан Поповски ми испрати фотографија од шишенце со ајурведскo масло за нос и накусо ми опиша за што станува збор.

Не размислував многу, некако веднаш ми влеа доверба, па јас оставив мојата адреса и го замолив Горан да ми ги испрати капките. Дури не го слушнав ниту името на капките, дури потоа почнав да се информирам повеќе за ајурведските производи.

Си реков, досега сум дала толку многу пари и ми пропаднале, ќе го пробам и ова“, вели таа.

За првпат ѝ се случило изненадување и првите резултати ги почувствувала веќе после 10 дена.

„Врнеше дожд и јас наеднаш сфатив дека и покрај дождот се чувствувам добро и немам потреба од капки. Не можев да си верувам сама на себе. Се расплакав од среќа! Па јас дишам, не можам да верувам, јас навистина дишам со својот нос. Немаше поголема среќа од мојата. Им го препорачав и на некои пријатели за кои знаев дека имаат слични проблеми, а особено ми беше драго кога една мајка која е докторка, ги испроба капките и им капнуваше на своите мали деца од маслото во носињата кога беа настинати и со затнати носиња. Децата почнаа да дишат во рок од пет минути. Таа живее во Германија, па кога си замина назад, си зеде со себе резервни капки.

А што се однесува до мене, јас конечно живеам нормално и можам да дишам со затворена уста, можам да спијам со затворена уста и сето тоа после 40 години маки. Конечно дишам како човек и не ми требаат веќе никакви капки“, раскажува госпоѓа Смиља која се колне во ефикасноста на овие ајурведски капки, но се колне и во нејзиниот новостекнат пријател, господин Горан Поповски.

Повеќе