Имаме рецепт и видео за поздрава верзија на смоки: Потребни ви се три состојки и десет минути

Ние не сме ги пробале овие грицки, но не е тешко да се направат, а со оглед на состојките, нема зошто да не се вкусни. Следниот пат кога децата ќе ви побараат смоки, пробајте да ги направите

157

Тренерката Марија Ковач објави рецепт за поздрава верзија на смоки. Идејата е идеална за оние кои сакаат да ослабат, а повремено сакаат да се почестат со некоја грицка, како и за родителите кои сакаат да им понудат на своите деца здрава ужина.

Состојки:
снег од две белки
една лажичка путер од кикиритки
40 грама кикиритки (идеално бланширани, несолени, но може и да се пропржат на суво и без сол)

Приготвување:
Соединете ги состојките и посолете по желба. Формирајте смокви. Печете ги 30 минути во рерна загреана на 160°C.

За популарноста на рецептот говори и фактот што за еден ден има 113.000 прегледи на Инстаграм и 192.000 на Фејсбук.

Повеќе