„Имате тесни колкови и ситен стас? Нема шанси да се породите природно“! Вистина или мит?

Немате многу широки колкови? Дали сте ситни? Можеби сте слушнале дека поради ова вашето раѓање ќе биде страшно, болно, можеби дури и ви кажале дека е подобро да направите царски рез. Нема шанси да го родите вашето бебе ако имате тесни колкови. Уште и ако сте ниски… Но, дали е ова навистина така?

168

Постојат многу митови поврзани со породувањето, како и со многу други работи кога станува збор за родителството. Некои се поблиску до вистината, а некои само внесуваат непотребен страв во нешто што е непознато за многумина. За некои од нив пишуваат дулите од хрватското здружение на дули за порталот missMAMA.

Немате многу широки колкови? Дали сте ситни? Можеби сте слушнале дека поради ова вашето раѓање ќе биде страшно, болно, можеби дури и ви кажале дека е подобро да направите царски рез. Нема шанси да го родите вашето бебе ако имате тесни колкови. Уште и ако сте ниски…
Или пак: вашето бебе е преголемо со оглед на вашата големина.

Па, ако сакате да ме сослушате, имам добри вести за вас. Во следните неколку редови ќе дознаете зошто се сето тоа митови!

Големината на карлицата не е важна за породувањето!
Еве зошто – вашите колкови се одвоени од матката. За време на бременоста, вашето бебе се развива во утробата која се прилагодува на вашето бебе, плацентата и плодовата вода што го опкружува вашето бебе во амнионската кеса. Вашите колкови не влијаат на способноста на вашата матка да се зголеми за вашето бебе. Ова е и причината зошто едно лице може да забремени и да носи неколку бебиња одеднаш. Малку по малку, вашето бебе ќе зазема сѐ повеќе и повеќе простор над вашите колкови и на крајот може да се чувствувате како да е во близина на вашите ребра или во близина на вашиот папок.
Вашата карлица влегува во игра непосредно пред раѓањето, кога вашето бебе почнува да влегува во карлицата. Големината на влезот во карлицата може да биде голема колку влезот на некој со пошироки колкови од вас. Вашето тело е создадено за раѓање.
Постојат 4 типа на карлица, и без разлика кој тип го имате, карлицата може да се прошири за време на бременоста, а тоа е поради супер хормонот (за него дознаваме во курсот за бременост) наречен – релаксин. Тој всушност ги прави вашите лигаменти растегливи и затоа вашата карлица е пофлексибилна за време на бременоста од вообичаено. Но зошто? Затоа што се зголемува за да се смести вашето бебе. Има ретки, но навистина ретки случаи кога бебето е преголемо за карлицата, но тежината на бебето не е доволна причина за договорен царски рез, на крајот на краиштата, ултразвукот не е доволно прецизен за да се знае точно колку е навистина големо вашето бебе. Ако вашата карлица е повредена или вашето здравје е загрозено – тогаш треба да разговарате со здравствените работници и да видите кои се вашите опции и да ги истражите сите можности.

Вашето бебе, исто како и вашето тело, е создадено за раѓање! Черепот на бебето се состои од посебни коски (фонтанели) кои овозможуваат да се обликува (ако е потребно) за полесно да се движи низ карлицата. Така, доаѓаме до заклучок – вашата карлица може да стане поголема, а главата на вашето бебе помала. Неверојатен пример за симбиоза помеѓу мајката и детето.

Важен хормон и положба
Научивме многу, а сега ќе видиме што ќе се случи следно при породувањето. Како што напредува породувањето, бебето треба да излезе низ карличниот отвор. Неговата големина е сосема поинаква, а се наоѓа подалеку од вашите колкови. Дали сега ја гледате иронијата во реченицата – колковите покажуваат какво ќе биде породувањето?
Како и со влезот во карлицата, релаксинот ги протега вашите лигаменти дозволувајќи карлицата да се прошири. Позицијата во која се пораѓате исто така позитивно или негативно ќе влијае на димензиите на карличниот отвор. На пример, ако лежите на грб или ако потпрени, ја намалувате големината на карличниот отвор (и достапниот простор на детето). Ако сакате да го зголемите просторот за раѓање на вашето дете, немојте да лежите на грб. Буквално во која било друга положба, која не е на грб автоматски му создавате повеќе простор на вашето дете – затоа што ја отворате карлицата.

Движењето, танцувањето, одењето за време на породувањето му помагаат на вашето бебе да дојде во оптимална положба за раѓање, а секако помага и гравитацијата.
Ако ги свиткате колената, вашите совршени колкови можат да се движат по потреба за време на породувањето и да му помогнат на вашето бебе да се роди полесно и побрзо. Наведнете се напред, држете се за некого, ќе се чувствувате стабилно, силно и приземјено.
Слушајте што ви кажува вашето тело, разбудете ги инстинктите и препуштете му се на раѓањето.

Повеќе