Денешните родители се ПЛАШАТ од своите деца. И затоа се откажуваат.

Сѐ започнува кога се многу млади, па се фрлаат на под во моментот кога ќе им го тргнете уредот од раце. Тие прават сцена. Реакцијата е бурна, силна, неподнослива.

220

Кој му дава телефон на шестгодишно дете и му инсталира агресивни игрички?

Кој им дозволува на децата секој ден да поминуваат поголем дел од своето време со екраните?

Кои се родителите кои не гледаат проблем во ова?

Овие последните, верувам, не постојат. Има само такви кои решиле дека нивното дете не е вредно за трудот. А дека одличен изговор е: „сега сите се пред екраните“ или „не сакам моето дете да заостанува зад своите врсници“.

Пред неколку дена седев со другарка и разговаравме токму на оваа тема. Таа вели дека нејзината колешка има петнаесетгодишна ќерка. Како и сите петнаесетгодишници, тој има свој мобилен телефон. И тоа е сосема во ред. Денес е незамисливо дете на таа возраст да нема смартфон, а секако и треба. Лесен пристап до информации, комуникација, учење, има толку многу причини да му обезбедите на постар тинејџер паметен уред. Проблемот настанува кога верувате дека вашата задача е завршена во моментот кога ќе го уплатите најновиот модел на iPhone во продавницата за мобилни телефони. Ако го занемариме фактот дека веќе сте згрешиле со купување на телефон кој вреди повеќе од една просечна плата, тогаш тоа купување е само почеток. Со паметен телефон оди и одговорност што детето не може да ја има вродено. Оди и постојан надзор. И разговор за тоа како се користат уредите за да ни носат придобивки. И договор за тоа колку време детето ќе помине со екранот. Многу родители, за жал, го прескокнуваат сето ова. Или, се откажуваат од борбата кога детето ќе почне да ги поместува границите.

Но, да се вратиме на колешката од почетокот на приказната. Таа вели дека на својата ќерка тинејџерка и инсталирала апликација преку која го следи времето кое го поминува пред екранот додека нејзините родители се на работа. А рекордот? 18 часа! И со букви – осумнаесет часа зјапање во екранот! Тоа значи дека не го тргала погледот од телефонот додека јадела, одела во тоалет, ги миела рацете… Тоа значи дека сигурно спиела само неколку часа, за да ѝ останат 18 за скролање и допишување! Не вреди ни да помислувате за малку чистење или помош низ домот додека родителите се на работа.

И таа не е изолиран случај. И уште поважно, не е таа виновна. Нашите деца масовно се препуштени на екраните.

„Добро, зошто не ја ограничи преку таа апликација на два часа дневно?!“

„Не знам…”

„Па, може и да ја смени лозинката за Wi-Fi!

„Може…“

„Или, ако не го испочитува договорот, нека ѝ го земе телефонот кога ќе тргне на работа!

„Па да…“

Сепак, таа не прави ништо од тоа. Ќе ѝ се јавела околу пладне да ја разбуди за да го прошета кучето. По многу молби, девојчето ќе се разбудело и ќе се согласело.

Тешка е борбата на современите родители. Тие ги гледаат своите деца помалку од претходните генерации. Децата се испраќаат во колективот многу порано, а предизвиците на надворешниот свет се многу поголеми. Работиме по десет или повеќе часа секој ден затоа што мораме да бидеме во чекор со очекувањата на современиот свет. Одморите, автомобилите, брендираната облека и најновите телефони чинат пари. Парите нема да паднат од небо. Но, сето тоа не е никакво алиби за да се откажеме од нашите деца. Немаме право на тоа!

Во оваа приказна, работите се прилично јасни. Родителите се ПЛАШАТ да постават граници. Нивното дете е веќе зависно од апаратот, а кога ќе му го одземеш предметот на зависност на зависник, тешко е. Премногу тешко. И сè започнува кога се многу млади, па се фрлаат на под во моментот кога ќе им го тргнете уредот од раце. Тие прават сцена. Реакцијата е бурна, силна, неподнослива. Можеби ќе ви викаат. Може да фрлаат работи, да ве наречат со ужасни имиња. И каков родител ќе бидете тогаш? Што ќе кажат соседите? Уште полошо, што ви преостанува да правите?!

Но, одржувањето на илузијата дека сте добар родител додека куќата е мирна е токму тоа – илузија. А најголемата цена ќе ја платат вашите деца во годините што доаѓаат.

Ограничете го времето што вашето дете го поминува пред екранот. Не повеќе од два часа. Ако времето го поминува надвор во спорт и дружење, тогаш може и малку повеќе од тоа. Ограничете ја и контролирајте ја содржината што ја консумира. Ако ви е тешко, ако не ви успее, ако се мачите, ако вашето семејство е на работ – побарајте помош. Но, не се откажувајте од вашето дете. Немате право на тоа.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе