Инспиративна приказна за неплодност со среќен крај (ВИДЕО)

Американецот Том Саливан одлучил да ѝ подготвува здрави оброци на својата сопруга секој ден, откако од докторот добиле мислење дека можеби никогаш нема да можат да имаат деца заради нејзиниот проблем со хормоните

674

Љубовните приказни и односи полни со поддршка и разбирање секогаш ги воодушевуваат луѓето и никогаш не е премногу од такви искуства. Еден сопруг го освои интернетот откако неговата сопруга го прослави објавувајќи видеа на кои тој готви.

Имено, Том Саливан одлучил да ѝ подготвува здрави оброци на својата сопруга секој ден, откако од докторот добиле мислење дека можеби никогаш нема да можат да имаат деца заради нејзиниот здравствен проблем, пишува The New York Post.

Рејч Саливан во описот на видеото, кое собра 1,6 милиони лајкови, напишала дека очајно сакаат да имаат деца, а Том по тешките вести решил да ѝ подготвува храна која може да ѝ помогне во балансирање на нејзините хормони, па дури и отворил профил на Инстаграм за да може да го споделува секој чекор од патот.

„Тоа е всушност прекрасно. Секоја недела тој смислува различни забавни начини да комбинира различни состојки“.

После неколку месеци добиле прекрасни вести.

Видеото беше објавено во октомври, а парот конечно чека бебе денес. Наместо обилни оброци за балансирање на хормоните, Том сега подготвува оброци со храна со иста големина како и нивното бебе – кога бебето било со големина на праска, нејзиниот сопруг подготвил крамбл од праска со сладолед.

Повеќе