Истражување објаснува зошто бабите ги сакаат внуците повеќе од своите деца?

Љубовта на бабите и дедовците кон нивните внуци е една од најискрените, најубавите и најпосебните!

200

Една неодамнешна студија откри дека бабите и дедовците кои повеќе се грижат за своите внуци и поминуваат повеќе време со нив живеат до пет години подолго, а најновото истражување тврди дека внуците кои имаат блиска емотивна врска со нивните баби и дедовци имаат помала веројатност да бидат депресивни во иднина.

Врската помеѓу бабите и внуците е навистина бесценета. Бабите имаат навика на своите внуци да им пружаат многу љубов, понекогаш дури и повеќе отколку на сопствените деца, а Bright Side ги претставува причините зошто тоа се случува.

Колку се луѓето постари, толку се помеки и помудри
Жените најчесто стануваат баби кога веќе го проживеале животот во потполност. Животните искуства ги прават позрели и отворени за градење значајни односи со другите луѓе, почнувајќи од нивните внуци, со кои градат стабилни и емотивно силни врски.

Бабите имаат различни приоритети
Кога ќе станете баба, вашите приоритети се менуваат. Децата се веќе пораснати, бабите се во пензија и сигурно имаат повеќе време да си играат и да учат со внуците, но и да го пренесат целото знаење и лекции за среќен и исполнет живот.

Бабите не критикуваат како родителите
Врската помеѓу детето и родителот е посебна и нераскинлива. Сепак, родителите понекогаш знаат да бидат премногу критични кон своите деца, што доведува до ситни расправии и фрустрации од двете страни. Од друга страна, бабите се нежни и не ги казнуваат своите внуци за лошо однесување, како што ги казнувале своите деца. Бабите секогаш се трудат да ги придобијат своите внуци, да ги разгалат со љубов и нежност, а не со казнување и критикување.

За своите внуци можат да направат сѐ што не можеле да прават за своите деца
Бабите можат со своите внуци да прават сѐ што немале можност со своите деца. Тие можат да разберат каде згрешиле во воспитувањето на своите деца и подобро да се снаоѓаат со нивните внуци. Можат да им ја изразат љубовта без стресот, одговорноста и грижите што ги имаат родителите.

Улогата на бабата е помалку стресна и комплицирана од онаа на родителите
Родителите се одговорни за речиси секој аспект од животот на детето, од основните животни потреби до образованието. Иако улогата на бабата е навистина важна, за што сведочат бројни студии, бабите секако немаат исти обврски како родителите. Нивната улога е фокусирана на давање емоционална поддршка, совети и бескрајна љубов!

Повеќе