Родителско прегорување? Еве кои знаци укажуваат на тоа

Иако не се разликува многу од класичниот замор и стрес, некои од знаците на родителска исцрпеност се поинтензивни, благодарение на што во повеќето случаи можеме навреме да го препознаеме.

171

Истражувањето покажало дека родителското прегорување (Burnout) е можна појава за секој родител, без разлика колку деца има. Како што објаснуваат експертите, тоа е состојба на интензивна физичка и емоционална исцрпеност која е резултат на стрес предизвикан од родителските должности или обврски.

Иако не се разликува многу од класичниот замор и стрес, некои од знаците на родителска исцрпеност се поинтензивни, благодарение на што во повеќето случаи можеме навреме да го препознаеме. Тие вклучуваат:

чувство дека ни е потребна оддалеченост од децата
голема исцрпеност која не поминува ниту по одмор
посилен или послаб апетит
ненадејни промени во расположението
склоност кон депресивни мисли
чувство на изолација
недостаток на мотивација за секојдневните задачи или избегнување на обврски
главоболка
болки во зглобовите и мускулите
покажување знаци на опсесивно-компулсивно однесување, на пример, прекумерно чистење и перење
недостаток на концентрација и фокус.

Во малку поретки случаи, родителите кои поминуваат низ родителско прегорување може да доживеат и слабеење на имунитетот, што ги прави повеќе склони кон настинки и други потенцијални болести.

Повеќе