Како да го подготвите детето за престој во болница?

Родителите мора да бидат свесни дека тие се главниот извор на поддршка и грижа за детето. Затоа, внимавајте како се однесувате. Децата секогаш „го впиваат” однесувањето на родителите, велат стручњаците.

148

Помислата да се оди во болница или кај лекар сама по себе создава стрес и непријатност кај луѓето, а особено кај децата. Следуваат совети што може да помогнат времето во болница за родител со дете да помине побрзо и побезболно.

За почеток, мајката и таткото треба да се подготват за сè што следи. Мора да бидат свесни дека тие се главниот извор на поддршка и грижа за детето. Внимавајте како се однесувате пред него, бидејќи децата секогаш „го впиваат” однесувањето на родителите, велат стручњаците.

Подгответе го малечкото за во болница. Најдобро би било неколку дена претходно да му објасните каде оди и што се очекува од него. Не ги плашете со ситници, но без лаги, на пример, дека „нема да боли”. Ова ќе ја обезбеди довербата кај детето.

Родителите мора да бидат трпеливи, бидејќи некои прашања детето и ќе ги повторува. Треба полека да му се објасни дека ништо лошо нема да се случи и дека „мама и тато” постојано ќе бидат со него / неа.

Играта е најдобриот начин да се објаснат некои работи. Може и да купите играчки во облик на медицински помагала со коишто ќе му објасните на детето како лекарот ќе го лекува. Така и малечкото ќе се запознае со тој нов материјал и ќе има поголемо чувство на контрола.

Вклучете го детето во средувањето на работите пред одењето во болница – како да оди на екскурзија. Нека тој / таа ја спакува својата облека, омилена играчка или предметите кои вообичаено помагаат кога малечкото ќе се повреди, како што се креми или фластери.

Речиси задолжително спакувајте и друштвени-семејни игри, книги, албуми, сликовници и боенки за да не му биде досадно за време на престојот во болница, ниту на детето, ниту на родителите. Читајте заедно, гледајте слики и цртајте. Не е исклучено болничката соба да ја делите со други родители и деца, па понесете за повеќе луѓе, заради заедничка, друштвена активност. 

Повеќе