Како изгледа денес најубавoто девојче на светот?

Откако во 2017. беше прогласена за најубаво девојче на светот, Анастасија Књажева се обидува да најде баланс помеѓу манекенството и нејзината училишна работа. Посетува часови по англиски јазик и танц, а една од најголемите страсти ѝ е пеењето. Вели дека сака да стане слаткарка или ветеринарка.

315

Анастасија Књажева е прогласена за најубаво девојче на светот во 2017 година. Таблоидите ја нарекоа следната Ирина Шајк и таа стана најмладата манекенка што се појавила во францускиот Вог. Нејзините длабоки сини очи, долга кафена коса и ангелско лице, во комбинација со нејзината харизма, ги освоија срцата на многу луѓе.

Шест години подоцна, Анастасија има 1,1 милион следбеници на Инстаграм и живее како нејзините врсници. Таа се обидува да најде баланс помеѓу манекенството и нејзината училишна работа. Посетува часови по англиски јазик и танц, а една од најголемите страсти ѝ е пеењето. Вели дека сака да стане слаткарка или ветеринарка.

Како започна сето тоа?
Анастасија ја започна својата манекенска кариера кога имаше само две и пол години, а веќе на 4 години беше прилично позната. Многу брендови се вљубија во неа бидејќи се однесуваше природно пред камерите. Нејзината мајка го отворила нејзиниот Инстаграм профил во 2015 година и почнала да ја промовира својата ќерка.

Дејли мејл во 2017 година го прогласи девојчето за најубаво на светот. Јавноста беше воодушевена од нејзините црти и прекрасните сини очи. Во 2018 година, таа беше рангирана на петтото место на листата на најубави деца во светот, според L’Officiel. Потпиша договори со многу брендови за облека и доби работа како ко-водителка во ТВ емисии и улоги во некои филмови.

Повеќе