Kако изгледа денес Павле, најголемото бебе во регионот

Се роди со речиси 6,5 килограми, а сега има 10. Во јануари малиот Павле наполни 5 месеци, а домашните го викаат со прекарот што му го дале во болницата – Дундуле

411

Во август минатата година Сузана Кучина го роди најголемото бебе во регионот. Нејзиниот син Павле тежел 6420 грама и бил долг 68 сантиметри, поради што го нарекле бебе џин. Павле на 8 јануари наполни пет месеци.

„Павле е среќно и насмеано бебе. Сега има 10 килограми и носи големина 74. Сè уште е понапреден од своите врсници. И покрај тоа што е потежок од другите од самото раѓање, ни најмалку не е успорен, туку е жив и сака да си игра. Тој е секогаш во центарот на нашето внимание, неговиот брат и сестра го обожаваат – тоа е неверојатна љубов“, изјавила за РИНА мајката на Павле, Сузана.

Семејството на момчето го нарекува Дундуле. Тој прекар му го дале акушерките во родилиштето во Горњи Милановац, Србија.

„Многу ми се допадна, почнавме така да го викаме и дома. Сега на Павле многу му се допаѓа тој прекар, секогаш се смее кога го викаме така“, додала мајката на која Павле ѝ е трето дете.

Фотографиите од момчето можете да ги видите овде.

Повеќе