Календар за бременост по недели

Сакате да знаете кога ќе го почувствувате првото движење на вашето бебе? Кога треба да одите на вашиот прв ултразвук? Кога се формираат прстите на бебето? Ако овие работи ви се важни, почнете да го следите календарот за бременост.

493

Календарот за бременост им овозможува на трудниците, меѓу другото, полесно да ги организираат важните прегледи, подетално да го следат развојот на своето бебе и секако да откријат кога е очекуваниот датум на породување.

Дознајте како изгледа календарот за бременост по недели.

Бременост по недели

За правилно да одредите во која недела од бременоста сте, важно е да го знаете датумот на вашата последна менструација.

Првиот ден од последната менструација, односно последниот циклус, се смета за прв ден од бременоста.

Тоа е и првиот ден од првата недела од бременоста.

Значи, неделите од бременоста се пресметуваат на следниов начин:

Прва недела од бременоста: првите 7 дена; од 0+1 до 0+7 (недела + ден)

Втора недела од бременоста: од првиот ден по првата недела, потоа следните 7 дена; од 1+1 до 1+7 (недела + ден)

Трета недела од бременоста: од првиот ден по втората недела, потоа следните 7 дена; од 2+1 до 2+7 (недела + ден)

Четврта недела од бременоста: од првиот ден по третата недела, потоа следните 7 дена; од 3+1 до 3+7 (недела + ден)

Петта недела од бременоста: од првиот ден по четвртата недела, потоа следните 7 дена; од 4+1 до 4+7 (недела + ден)

И така, до 42-та недела од бременоста.

Бременост по месеци и тримесечја

Бременоста по месеци се пресметува на сличен начин како и бременоста по недели. Треба да го знаете и датумот на последната менструација за да знаете кога започнува првиот месец.

Неделите од бременоста се распоредени по месеци и тримесечја на следниов начин:

Прво тримесечје
Првиот месец од бременоста: од 1-ва до 4-та недела

Втор месец од бременоста: од 5-та до 8-та недела

Трет месец од бременоста: од 9-та до 13-та недела

Второ тримесечје
Четврти месец од бременоста: трае од 14 до 17 недела

Петти месец од бременоста: трае од 18 до 22 недела

Шести месец од бременоста: трае од 23 до 27 недела

Трето тримесечје
Седми месец од бременоста: трае од 28 до 31 недела

Осми месец од бременоста: трае од 32 до 35 недела

Деветти месец од бременоста: трае од 36-та до 40-та недела.

Секое тримесчје, како што сугерира името, вклучува 3 месеци.

Зошто е важно да го знаете вашиот период на бременост?

За да обезбедите здрав раст и развој на вашето бебе од самиот почеток на бременоста, важно е да знаете дека сте во друга состојба.

Знаејќи го ова, трудницата почнува да усвојува здрави животни стилови, најпрво ја прилагодува исхраната и внесот на суплементи на нејзината состојба.

На самиот почеток на бременоста, многу е важно трудницата да има оптимално ниво на фолати (витамин Б9) во телото.

Фолната киселина придонесува за нормална синтеза на аминокиселини, за раст на ткивото на мајката за време на бременоста и за нормално формирање на крв.

Дополнителниот внес на фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај мајката.

Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за дефекти на невралната туба кај фетусот.

Термин на породување
Датумот за породување најчесто се пресметува во однос на датумот на почетокот на последната менструација.

На тој датум се додаваат 280 дена, односно цели 40 недели. Датумот што го добивате е вашиот очекуван датум за породување.

Можете исто така да го пресметате датумот и со одземање 3 месеци од првиот ден од последната менструација, а потоа да додадете 7 дена. Го добивте очекуваниот датум на породување.

Сепак, многу жени немаат редовен циклус и не знаат кога ја добиле последната менструација.

Во тој случај терминот се определува во однос на денот на зачнувањето.

Затоа, датумот на очекуваното раѓање се одредува со додавање на 266 дена до датумот на зачнувањето.

Истиот принцип на пресметка се применува и ако бременоста настанала преку ин витро оплодување (ИВФ).

Бебето може да се роди на време, пред него или после него.

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) ги класифицира датумите на породување во однос на неделите од бременоста:

Предвремено: од 20 до 37 недела

Ран термин: од 37-ма до крајот на 38-та недела

Полн термин: од 39-та до крајот на 40-тата недела

Доцен термин: на 41 недела

По терминот: по 42-та недела

Повеќе