Капсули од плацента – измама или епохално откритие?

Лекарите тврдат дека не постои ниту еден медицински доказ кој зборува во прилог на овие капсули, а од друга страна, оние кои практикуваат холистичка медицина веруваат дека јадењето на плацентата по породувањето може да има навистина големо влијание врз здравјето на мајката

132

Речиси секој ден се среќаваме со вести кои ни носат нови „епохални откритија“ кога е здравјето во прашање. Една од нив се капсулите направени од родилната плацента, за кои се верува дека лекуваат многу постпородилни проблеми на жените. Пренесуваме едно мало истражување за да видиме дали се работи за измама или навистина корисно откритие.

Веднаш да ви кажеме, ова е прилично скап третман затоа што некоја фармацевтска компанија која се занимава со тоа, специјално за вас, треба да направи капсули од вашата плацента по породувањето што ќе ги пиете за што побрзо да закрепнете. Тоа е, можеме да кажеме, помодерна верзија на јадење на плацентата во која веруваат скиентолозите и оние кои практикуваат холистика.

Постапката е следна, плацентата прво се вари, потоа се суши и се меле и се полнат капсули со оваа содржина што мајката ја пие за да спречи постпородилна депресија и да го зголеми производството на млеко, а такви капсули земале и некои познати мајки.

Зборот на експертите
Лекарите тврдат дека не постои ниту еден медицински доказ кој зборува во прилог на овие капсули, а од друга страна, оние кои практикуваат холистичка медицина сè уште веруваат дека јадењето на плацентата по породувањето може да има навистина големо влијание врз здравјето на мајката, а жените кои ги пиеле овие капсули се колнат во нивната ефикасност. Дали станува збор за автосугестија или нешто друго, не се знае.

Доколку размислувате да ја претворите плацентата во капсули, треба да знаете дека тоа е многу сложен процес кој бара голема сума пари и затоа моментално е резервиран само за оние со прилично длабоки џебови – богатите и славните.

Ризици
За време на породувањето и непосредно пред тоа многу често се случува плацентата да се зарази и во тој случај апсолутно не е прифатливо нејзино консумирање. Исто така, ако плацентата била во контакт со измет, не треба да се користи за овие цели. И третата работа за која дефинитивно треба да размислите е дека не можете да бидете сигурни дали капсулите ја содржат вашата плацента или нешто друго.

За среќа, или за жал, веруваме дека ќе поминат многу, многу години пред овој тренд да заживее кај нас.

Повеќе