Карање пред децата, да или не? Мајка признала дека се кара со сопругот пред децата затоа што мисли дека е тоа здраво (ВИДЕО)
„Важно е децата да научат да ги решаваат конфликтите на здрав начин“, вели таа, а потоа ги покажува децата како ги гледаат неа и нејзиниот партнер додека се среде жестока дискусија.
Мајка на четири деца, извесна Ника Дива го споделила на Тик-Ток својот непопуларен став околу карањето со сопругот пред децата. Оваа мајка вели дека не избегнува расправии со сопругот пред децата бидејќи смета дека е тоа здраво. Во краткиот клип таа се расправа со сопругот пред децата бидејќи, како што вели, верува дека тоа им помага на нивните деца да развијат вештини за решавање конфликти.
„Важно е децата да научат да ги решаваат конфликтите на здрав начин“, вели таа, а потоа ги покажува децата како ги гледаат неа и нејзиниот партнер додека се среде жестока дискусија.
„Тоа им помага да воспостават здраво решавање на конфликти додека растат“, верува Ника, која на крајот разменува бакнеж со партнерот, што е знак дека нашле заеднички јазик.
„Ќе беше добро ако моите родители го правеа тоа и ако ми покажеа како изгледа здравата комуникација и како да се почитуваме дури и кога не се согласуваме со другата страна“, вели личност која ја поддржува тактиката.
Сепак, има и родители кои се загрижени бидејќи сметаат дека таквата средина е токсична за децата.
„Не се карајте пред децата. Тие треба да видат љубов“, „Мислам дека зависи од тоа за што се карате. Јас имам трауми затоа што премногу често ги слушав родителите како се караат за пари“, „Мислам дека е во ред детето да слуша несогласување или разговор, но не и кавга“, „Ако не станува збор за здрава комуникација, а кавгата не е тоа, не правете го тоа пред децата. Зборувам од лично искуство затоа што тоа ги вознемирува децата“, велат оние кои не го застапуваат овој пристап.