Некои бебиња престануваат да мочкаат во пелените пред нивниот прв роденден, додека на други им треба многу повеќе време.
Кога и како вашето бебе ќе „излезе“ од пелената и конечно ќе почне да мочка како „голем“, зависи пред сѐ, од него, но и од начинот на кој сте го наговориле да го користи нокширот.
„Излегувањето од пелени“ е еден од најголемите чекори во животот на вашето бебе и бара тоа да почувствува кога е подготвено да го направи тоа.
Ако детето веќе на помалку од една година сака да биде „како големо“ и изрази желба да користи тоалет, бидејќи повеќе не се чувствува најудобно во пелени – имате среќа!
Но, има и деца на кои за сето ова им треба многу повеќе време.
Ако вашето бебе припаѓа на оваа втора група, немате причина ниту вие да се грижите – треба да знаете дека некои деца го слават и третиот роденден во пелени.
Она што е важно и на што треба да обрнете внимание се знаците што ги покажува бебето кога е подготвено да го направи овој голем чекор.
Само не го присилувајте да го користи нокширот или тоалетната школка пред да покаже интерес.
Некои деца се плашат од „големиот тоалет“
Една од најважните работи е тоа што бебињата често се плашат од „големиот тоалет“ бидејќи тоа е голема непозната (мора да признаете дека од перспектива на вашето дете изгледа навистина голема) во која работите едноставно исчезнуваат, а исто така, звучи страшно кога се пушта вода.
Дури и ако успеавте да го убедите вашето дете да го користи нокширот, не очекувајте дека сѐ ќе помине во најдобар ред и дека нема да има „инциденти“ – знајте дека на почетокот тие се сосема нормална појава бидејќи детето допрва учи да контролира нешто што дотогаш можело без проблеми да го направи тоа кога и каде сака.
Кога вашето бебе е подготвено за нокшир?
Бебето обично сака да оди на нокшир на возраст помеѓу 18 и 24 месеци.
Ако вашето дете е помладо и веќе покажува подготвеност да започне „тренинг за нокшир“, вие сте исклучително среќни родители.