Кога ќе му дадете телефон на вашето дете, вие сте одлучиле дека е крај на детството

Иако е тешко да се утврди поврзаноста, постојат многу докази за силна поврзаност помеѓу два феномени: појавата на паметните телефони и експлозијата на социјалните медиуми. Заедно создадоа страшна „совршена бура“, оставајќи неизбришлива трага на менталната и емоционалната благосостојба на цела генерација.

506

Се сеќавате на телефонскиот број на вашата најдобра другарка од детството?

Сигурно се сеќавате на оние моменти кога бирате број, чекате некој да ви одговори, се

претставувате и прашувате дали можете да разговарате со неа/него. А потоа – еден час зборување

и малку украдена приватност – ја влечете витканата телефонска жица до собата на вашите

родители, подалеку од ушите на љубопитната помлада сестра/брат.

Порано имавме разговори еден на еден. Споделувавме тајни. Зборувавме за поминатиот ден.

Дополнително – остававме сѐ што се случувало на училиште – во училиште.

Домот ни беше безбедно засолниште, место каде никој не можеше да не малтретира и каде немаше

„срамни моменти“ од училницата и училишниот двор. Дома едноставно припаѓавме, не требаше да

се обидуваме да се вклопиме – барем не како што моравме на училиште.

Дома можевме да се одмориме, да ги наполниме батериите, да станеме како нови. Дали се

сеќавате? Можевме да ѝ се довериме на мајка ни додека ги полеваше цвеќињата, да го шетаме

кучето со тато, да скокаме на трамболина. Едноставно да стекнеме нова енергија и сила за

утрешниот училишен ден.

Имаше рамнотежа. Јасни граници. Јасна разлика помеѓу времето и стварноста.

Но, сето тоа се промени.

Училишната и социјалната динамика сега ги следат децата 24 часа на ден. Нема безбедно

засолниште.

Со интернетот во џеб нашите деца постојано се „поврзани“. Со Интернет во џеб, детството е

загрозено.

Нови iPhone генерации

Според истражувањето спроведено во Америка во 2015 година, двајца од тројца тинејџери

поседувале iPhone. Целосната доминација на паметниот телефон меѓу тинејџерите влијаела на сите

области од нивниот живот, од социјалните интеракции до менталното здравје.

Кога и зошто се случи тоа?

Во 2012 година, имаше остар и очигледен пад на менталното здравје на тинејџерите во развиените

земји, особено кај девојчињата. Значи, што се случи во 2012 година што ја предизвика несреќата?

Иако е тешко да се утврди поврзаноста, постојат многу докази за силна поврзаност помеѓу два

феномени: појавата на паметните телефони и експлозијата на социјалните медиуми. Заедно

создадоа страшна „совршена бура“, оставајќи неизбришлива трага на менталната и емоционалната

благосостојба на цела генерација.

Моментот кога ќе му ставиме паметен телефон во рацете на нашето дете го означува крајот на детството

„Дали е само случајност што првата глобална генерација која порасна на паметни телефони стана

првата глобална генерација која има пониска благосостојба од онаа пред нив?

Д-р Шефали вели дека моментот кога ќе му ставиме паметен телефон во рацете на нашето дете го

означува крајот на детството.

Прашањето е дали навистина ни требаат повеќе истражувања за да го потврдиме она што е веќе

очигледно кога ќе погледнеме што им прават овие уреди на нашите деца. Дали ни треба некој друг

да ни каже дека на нашите деца им треба врска со светот околу нив, а не со светот во нивниот

уред?

Познато е дека починатиот Стив Џобс, креаторот на iPhone и iPad, им забранил на своите деца да

користат некој од овие уреди. И не е единствениот. Вообичаено е луѓето кои развиваат социјални

медиуми и технологија за паметни телефони – таканаречените милијардери од Силиконската

долина – да им забранат на своите деца да ги користат телефоните што е можно подолго. Тој став

јасно го истакнуваа во нивните интервјуа и разговори:

„Тоа буквално го менува вашиот однос со општеството. Веројатно ја попречува продуктивноста на

чудни начини. Само Господ знае што му прави тоа на мозокот на нашите деца“.

(Шон Паркер, поранешен претседател на Фејсбук.)

„Убеден сум дека ѓаволот живее во нашите телефони и ги уништува нашите деца

(Атина Чаварија, поранешна извршна асистентка во Фејсбук.)

„Моите деца ме обвинуваат мене и мојата сопруга дека сме фашисти и дека сме премногу

загрижени за технологијата, тие велат дека никој од нивните пријатели не ги има истите правила…

тоа е затоа што ја видовме опасноста од технологијата од прва рака и не сакам да го видам тоа кај

жмоите деца“. (Стив Џобс, основач на Apple.)

Време е да ги вратиме нашите деца

Иако ги препознавме неверојатните придобивки што технологијата ги носи во нашите животи,

вклучувајќи ги и можностите што им ги нуди на нашите деца, подеднакво е важно јасно и одлучно да се решат потенцијалните негативни страни.

Со пристап до дигиталниот свет и социјалните медиуми кои ги хранат со доследни удари на

допамин во форма на лајкови, коментари или споделувања, како и постојан сомнеж во себе кога

тие изостануваат- родителите ги губат своите деца.

Паметните телефони се слични на слот машините. Докажано е дека предизвикуваат исти промени

во мозокот како оние кои се зависни од алкохол, дрога и коцкање. Наша одговорност е како

возрасни да ги спасиме нашите деца од нивната зависност пред да биде предоцна.

Треба да се запрашаме каков живот сакаме да им дадеме на нашите деца? Како можеме да

помогнеме да се изгради нивната издржливост и да се зајакне нивното ментално здравје? Дали сме

подготвени да играме рулет со нивната благосостојба само за да можат да бидат во чекор со

времето така што ќе им купиме паметен телефон порано отколку што е потребно или добро за

нив?

Како свесни родители, треба да се вклучиме и да преземеме одговорност за поставување на

граници за нашите деца.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе