Кога саканите што веќе ги нема ќе ги преточите во дијамант: Да, да и тоа е можно…(ВИДЕО)

Си замислувам како би било кога од пепелта на мојата почината мајка би можела да направам дијамант за прстен! Си го замислувам ова откако го видов видеото од изработувањето на вакви дијаманти од човечка пепел кое се практикува некаде во светот. Малку е морбидно, нели?

275

Како можете да ја претворите човечката пепел во дијаманти? Па, се работи за хемија. Одлуката пак, да се направи дијамант од пепелта на некој близок за некои луѓе значи дека тој е некој кој сакате да го паметите засекогаш. Создавањето дијамант од пепелта или косата на некој ваш близок, велат, е начин да го прославите неверојатното влијание што тој го имал врз вашиот живот.

Си замислувам како би било кога од пепелта на моите починати родители би можела да направам дијамант за прстен! Си го замислувам ова откако го видов видеото од изработувањето на вакви дијаманти од човечка пепел кое се практикува некаде во светот. Малку е морбидно, нели?

Првите дијаманти од лабораторија биле успешно одгледувани во 1955 година од General Electric по повеќе од една деценија истражување на процесот. Без тоа истражување, денес не би можеле да се прават ниту дијаманти од пепелта по кремирање на човечките тела.

Но, лабораториските дијаманти и дијамантите од кремирање се многу различни дијаманти, како и процесите за нивно производство. Се разбира, причините зошто луѓето избираат да одгледуваат дијаманти по кремирањето на телото или од косата се исто така многу различни.

Вечните дијаманти како вечен спомен
Дијамантите изработени по кремирањето на починатите, или вечните дијаманти, велат, се многу посебен и уникатен начин да се зачува споменот на некој близок. Овие дијаманти се создаваат со процес кој го имитира тоа како Земјата создава природни дијаманти. Постапката вклучува јаглерод, топлина и притисок.

Ненадејното физичко отсуство на саканата личност предизвикува сложени и длабоки емоции. Затоа можеби и не изненадува што луѓето се спремни на ваков начин на зачувување на споменот на саканите кои веќе не се помеѓу нас.

Оние кои ги изработуваат велат дека на овој начин тие создаваат вечни дијаманти кои ќе биде вечен спомен за починатите. Дијамантите не се симбол кој историски се поврзува со смрт или загуба, како што се тоа урните или надгробните споменици. Кога ќе се постават на прстен или ѓердан, тие стануваат споменици што можеме да ги носиме со нас низ животот, па дури и да ги пренесуваме од генерација на генерација.

Постојат различни причини зошто некој би сакал да ја претвори пепелта на своите сакани во дијамант. За многумина, во оној дел од светот кадешто е тоа пракса, идејата за урната со пепел која само ќе седи на некоја полица во куќата е вознемирувачка.

Што друго би можеле да прават со таа пепел?
Зарем нема подобар начин да се зачува споменот на некој толку важен?
Ако прогуглате на Интернет ќе наидете на оваа понуда за изработка на „накит по кремирање“, односно, на понуда за тоа како можат да ја искористат пепелтана своите најмили за да создадат дијамант што го содржи јаглеродот на нивната сакана личност.

Имено, човечкото тело е 18% јаглерод. 2% од овој јаглерод останува по кремирањето, а токму тој јаглерод компаниите кои се занимаваат со изработка на вакви дијаманти, го користат за да ги направат своите вечни спомени.

Се разбира, сето ова е и добар бизнис.

„Не сакав урна на мојата полица или гробно место кое ќе можам да го посетам одвреме-навреме“, вели Џенет. „Со помош на Етернева (компанија која изработува вакви дијаманти), сега го имам Џон со мене секој ден. Можам да ја почувствувам неговата љубов секогаш кога ќе го погледнам“.

За многу луѓе, станува збор за тоа да ја носите вашата сакана личност постојано со вас и на тој начин да го чувате сеќавањето на неа.

На некој начин, претворањето на пепелта во дијаманти како опција за накит им помага на луѓето да ја преболат загубата на некој неверојатно важен во нивниот живот и да го задржат живо сеќавањето.

„Секој ден сум блиску до моето девојче поради овој неверојатен подарок. Тоа ја направи смртта на Луси поподнослива“, вели Тереза. „Сега таа е навистина „Луси на небото со дијаманти“.

„Навистина не можам доволно да ви се заблагодарам момци. Тоа е најкул, најуникатно искуство да се гледа како сето ова се случува за некој што ми значеше апсолутен свет“, вели друг клиент.

Без оглед на причината, ако дијамантот направен од пепелта на нивниот сакан е сместен во прстен, ѓердан, часовник или кое било друго парче накит, многу луѓе сметаат дека е ова одличен начин да се зачува споменот за некого, да се претвори неговиот јаглерод во наследство и да го олесни процесот на тагување.

Секој дијамант е направен уникатно, од јаглеродот на саканата личност, во индивидуализиран процес што можете да го гледате во текот на 9 месеци кои се потребни за создавање на дијамантот.

Ако сакате да го видите целиот тој процес од пепел до дијамант, погледнете го видеото подолу:

Повеќе