Кои се правилата за исхрана на најздравите деца на светот?
Интуитивното јадење наместо диета и препознавањето кога сте навистина гладни се главните карактеристики на Шокуику – јапонскиот концепт за консумирање храна. Според оваа јапонска филозофија, треба да престанете да јадете кога сте сити околу 80 проценти. Од 2005 година таа е дел од наставната програма на јапонската влада, која е задолжителна во училиштата со цел да се едуцираат децата за исхраната и да се поттикнат да развијат здрави навики.
Вo 1986 година, докторот и фармацевт Саген Ишизука ја измислил јапонската филозофија наречена „Шокуику“. Овој збор е изведен од два збора што значат „јаде“ и „расте“.
Шокуику ги охрабрува родителите и училиштата да ги учат децата од каде доаѓа нивната храна и како таа влијае на нашите умови и тела. Овој концепт е дел од јапонската култура и е голема причина зошто земјата е дом на најздравите деца во светот. Според податоците на УНИЦЕФ, Јапонија е единствената земја каде што помалку од едно од пет деца има прекумерна тежина.
Како мајка која воспитува ќерка во Јапонија, Јуко Тамура наведува што прават јапонските родители поинаку за да воспитаат среќни и здрави деца.
Рано спроведуваат шокуику
Јапонските лекари ги охрабруваат идните мајки да следат балансирани оброци наречени „ichijū-sansai“. Централниот дел е чинија со ориз и мисо супа, придружена со јадење фокусирано на протеини и два прилози со зеленчук (како алги или печурки) за соодветни витамини, минерали и влакна.
Како што растат децата, тие почнуваат да учат за здравите навики во исхраната. Во 2005 година, владата го донесе основниот закон „Шокуику“ за промовирање на „Шокуику“. Во некои предучилишни установи децата берат зеленчук за ручек, додека во основните училишта учат за фарми кои произведуваат зеленчук, риба и друга храна.
Интуитивното јадење наместо диета и препознавањето кога сте навистина гладни се главните карактеристики на овој јапонски концепт за консумирање храна. Според шокуику која е базирана на ширење знаења за здрави навики во исхраната, треба да престанете да јадете кога сте сити околу 80 проценти. Од 2005 година тој е дел од наставната програма на јапонската влада, која е задолжителна во училиштата со цел да се едуцираат децата за исхраната и да се поттикнат да развијат здрави навики.
Поттикнуваат разговори за кутиите за ручек
Над 95% од јапонските основни и средни училишта имаат систем на училишни оброци планирани од нутриционистите, додека учениците активно учествуваат во процесот на послужување ручек. Оброците се служат во кутии за ужина или ручек и играат важна улога во промовирањето на „Шокуику“.
„Воспитувачката во градинката на ќерка ми ги охрабрува децата да зборуваат за тоа што има во нивните кутии“, вели Тамура.
Оброците секогаш се подготвуваат од локални, свежи состојки. Децата консумираат сезонски зеленчук и овошје, а избегнуваат храна со висока содржина на масти и адитиви.
Храната богата со хранливи материи се готви сезонски и се замрзнува (или се ферментира)
Тамура вели дека киселењето храна и замрзнувањето зеленчук и овошје го поедноставуваат нејзиното секојдневно готвење. Јапонците купуваат сезонска храна и ја подготвуваат на таков начин што може да се консумира кога ја нема на пазарите или во продавниците.
Наместо сок, пијат вода или чај
Тамура вели дека не го ограничува пристапот на ќерка си до овошни сокови и шејкови, но девојчето знае дека таквите пијалаци не се добар избор.
„Рано го запознав детето со чајот од јачмен кој е богат со минерали и не содржи кофеин. Тој е популарен избор кај Јапонците од сите возрасти и одлична алтернатива за слатките чаеви и пијалаци со вкусови од продавниците. Исто така ви помага да го намалите вашиот дневен внес на калории“, објаснила таа.
„Друг начин на кој ја практикуваме шокуику дома е правење смуди од свежо овошје и јогурт со ќерка ми. Разговараме за тоа како расте овошјето и од каде доаѓа. Ваквите искуства ќе ги пренесат нејзините денешни здрави прехранбени навики, во иднината“, заклучува таа.