Кој има вошки? Наместо со шампони, пробајте да ги исчистите со мајонез и маслиново масло

Некои родители, наместо шампон против вошките кои се речиси неизбежен дел од растењето на секое дете, користат производи како мајонез и маслиново масло. Ако се соочувате со сличен проблем, сигурно ве интересира дали овие методи се покажале како ефикасни?

926

Вошките во косата се неизбежен дел од растењето речиси на секое дете. Колку и самата помисла на овие непријатни штетници да ни ја чеша главата, ако детето добие вошки, почнува понекогаш долготраен процес на отстранување. Најчесто родителите посегнуваат по аптекарски раствори и разни шампони, но во последно време користат и нешто поинакви решенија.

Имено, некои родители наместо шампон користат производи како мајонез и маслиново масло за да ги отстранат вошките од косата. Но, дали овие методи се покажале како ефикасни?

Се чини дека маслиновото масло помага со проблемот
Иако нема јасни научни докази дека маслиновото масло е ефикасен третман за вошки, некои медицински експерти и здравствени одделенија се наклонети во полза на користење на маслото во овој случај, пренесува Њујорк Пост.

Еден таков пример е училишниот округ Barron Area во Висконсин, кој издал водич со детали за третманот со маслиново масло, кој треба да се повторува на секои четири дена. Педијатарот Лорен Адлер се согласува со решението за маслиновото масло како средство за отстранување на вошки, тврдејќи дека тоа може да ги задуши и убие вошките.

Адлер објаснува дека лицето со вошки треба да носи капа за туширање преку ноќ за да ги задуши вошките, бидејќи тие може да преживеат со часови без да дишат. Тој додава дека маслиновото масло помага и за отстранување на јајцата од вошки од косата.

Исто така, Одделот за здравство на округот Гибсон во Индијана издало упатства дека употребата на маслиново масло треба да се совпаѓа со тринеделниот животен циклус на вошките. Тие препорачуваат користење на маслиново масло во првиот, вториот, третиот, деветтиот, тринаесеттиот, седумнаесеттиот и дваесет и првиот ден, пренесува Њујорк Пост.

А што е со мајонезот?
Како и со маслиновото масло, не може да се потврди дека мајонезот докажано ги убива вошките, но педијатарот Адлер вели дека може да биде „корисно бидејќи густата супстанција слична на желе ги затнува отворите за дишење на вошките“. Тој предлага да се нанесе мајонез на косата и да се остави преку ноќ, а на главата да се стави капа за туширање како дополнителна заштита. Утрото потоа, потребно е темелно да се исплакне косата и да се повтори постапката по една недела.

Повеќе