Ќотекот сепак не излегол од рајот: Психијатар објаснува зошто е тепањето лошо

Да нема родители немаше да има ни психотерапија, вели психијатарот Владимир Ѓуриќ на Фејсбук објаснувајќи зошто дисциплинирањето со ќотек има негативно влијание врз децата

295

Иако многубројните студии покажале дека физичкото казнување има негативно влијание врз развојот на децата, некои родители, обично во напад на бес, сепак се обидуваат да ги дисциплинираат децата со насилство. Психијатарот Владимир Ѓуриќ на Фејсбук објаснува зошто е ова лошо.

„Ако ни е сосема незамисливо дури и да помислиме, а камоли да кажеме, или, не дај Боже, навистина да натепаме жена затоа што била непослушна или затоа што не полудела, зошто би ни било во ред да направиме од детето жртва на насилство?

Затоа што е помало и послабо?Затоа што не може да се одбрани?

Затоа што не може да не пријави?

Затоа што не може да замине од нас?

Затоа што нашата љубов му е потребна како воздух па постојано ќе се враќа по уште, иако наместо тоа му нанесуваме незамислива болка“, напишал тој во сега веќе виралната објава на Фејсбук.

Д-р Ѓуриќ посочува дека насилството е апсолутно неприфатливо во каква било форма, особено кон децата.

„За тоа нема ниту едно оправдување. Оставете ги старите приказни. Околу 30% од „нормалното“ родителство порано било такво што социјалната служба требало веднаш да реагира и да ги спаси тие деца од насилство и други ужаси кои се земале здраво за готово бидејќи ‘сите така прават’.

Не прашувајте како ние психијатрите го знаеме ова. Да нема родители немаше да има ниту психотерапија. Децата кои биле тепани и станаа добри, нормални и успешни луѓе успеаја во тоа и покрај ќотекот, не поради ќотекот“, тврди д-р Ѓуриќ.

Тој вели дека децата се само деца. Имаат премногу енергија, потреби и емоции, а нивните механизми се недоволно зрели и развиени за да го скротат, разберат и обработат сето тоа.

„Затоа им требаме ние, возрасните, како регулаторен и смирувачки фактор, а не како некој што нанесува болка. Замислете дека доаѓате кај пријател затоа што сте вознемирени, плачете, се плашите и не можете да се смирите, а тој ве тепа. Колку би ви помогналотоа?

Ако децата се навистина неподносливо немирни, треба да се лекуваат. Или да се лекуваме ниеако немаме трпение и нерви за нив“, вели психијатарот.

На крајот заклучува дека има илјада подобри методи на воспитување од физичкото казнување.

„Особено оној стар и изворен кој постулира дека „децата не слушаат, туку имитираат“ и дека секогаш ќе се постигне многу повеќе со љубов, сочувство, разбирање, поддршка и јасни граници отколку со ќотек. Нема подобра инвестиција од љубовта“, вели д-р Ѓуриќ.

Повеќе