Мајка открива застрашувачки последици од породувањето (ВИДЕО)

Една мајка по име Јелена во видео на ТикТок ја покажала својата фотографија со последиците од напонот што го давала додека го раѓала својот син – испукани капилари на лицето и во очите

648

Мајка по име Јелена открила дека по породувањето останала со пукнати крвни садови на лицето и очите. Таа го споделила своето искуство во видео објавено на TикTок

Новопечената мајка била шокирана од нејзиниот одраз во огледалото по раѓањето на нејзиниот син. При природно породување, напорот од напонот што го давала довел до пукање на крвните садови. Во коментарот таа напишала: „Првите неколку дена се плашев да се погледнам во огледало. Никогаш не сум видела нешто слично“.

Таа нагласила дека сето тоа вредело за нејзиното дете, а луѓето се шокирани од тоа дека такво нешто може да се случи со породувањето. Сепак, Јелена во видео кое е прегледано над 600.000 пати објаснила дека последиците исчезнале по две недели.

Повеќе