Мајка признала дека ги осудува родителите на дебели деца

Мајка предизвикала дискусија на форумот Мамснет признавајќи дека за вишокот килограми на децата ги осудува родителите. Каков е вашиот став?

202

Една мајка на форумот Мамснет предизвикала дебата за дебелината кај децата, признавајќи дека ги обвинува нивните родители за тоа. Таа напишала дека забележала девојче во училиштето во кое одат нејзините деца, за кое мисли дека има проблеми со вишокот килограми и тоа ја растажува, а на крајот им се налутила на родителите.

„Бев прилично буцкасто дете и се сеќавам дека ме исмејуваа. Тоа го направи моето училишно искуство прилично ужасно, па мислам дека имам искривен став на оваа тема. Се чувствувам лошо што осудувам дете без да ја знам ситуацијата и знам дека тоа не треба да ме засега. Но, прашувам дали јас сум само ужасна личност или и некој друг се чувствува тажен поради овие деца и (со право или погрешно) ги осудува нивните родители“, напишала таа и побарала од другите родители да дадат свое мислење за оваа тема.

Некои признале дека нивните деца јадат значителни количини нездрава храна и дека едноставно се чувствуваат среќни затоа што не страдаат од прекумерна тежина.

„Бројот на деца кои имаат здравствена состојба што придонесува за нивната тежина (Прадер-Вили, на пример) е многу мал…“, вели едно лице.

Друг истакнал: „Признавам, осудувам. Моите деца не се хранат совршено, но се витки. Редовно јадат слатки, готови пилешки стапчиња, чипсови, пудинзи и слично, па се прашувам со што се хранат другите луѓе. Нивните деца?”

„Да, тивко ги осудувам родителите (иако знам дека ќе има случаи кога ќе направам грешка). Сепак, мислам дека модерните деца ги прифаќаат разликите многу повеќе отколку што беше вообичаено кога јас бев млад“, вели трет.

Од друга страна, има и такви кои сметаат дека не е во ред да се обвинуваат родителите за тоа.

„Не, не ги осудувам бидејќи немам поим кои фактори стојат зад тоа, така што тоа не е моја грижа“.

Повеќе