Мајката на 7-годишно девојче кое починало од балон сподели потресно предупредување

Она што требало да биде среќен ден, семејна прослава за седмиот роденден на Александра Хоуп Кели од Тенеси се претворило во трагедија откако малото девојче починало поради навидум безопасен балон-бројка

235

На 1-ви октомври, малата Александра Хоуп Кели од Тенеси се забавувала со балони во нејзиниот дом, вклучувајќи и еден голем во форма на бројот 7 исполнет со хелиум, кои останале по прославата на нејзиниот роденден на 27.септември.

„Како мајка секогаш бев свесна за опасноста од гушење што ја претставуваат балоните од латекс, но не знаев дека и големите балони исполнети со хелиум се опасни“, напишала мајката на несреќното девојче Чана Кели на Фејсбук, кадешто споделила потресен текст по смртта на нејзината ќерка.

Како што објаснила, малото девојче ја прашало околу една недела по прославата на нејзиниот роденден дали може да ги дупне балоните од латекс. Нејзината мајка ја гледала цело време.

„Алекс ме праша дали може да го пукне и балонот со хелиум. Јас ѝ реков дека е во ред, не помислувајќи дека може да го стави на глава“, додава таа и убедена дека тој е безбеден, отишла во нејзината спална соба да прилегне, а девојчето останало сама.
„Заспав некое време, а кога се разбудив, ја најдов ќерка ми како лежи со лицето надолу на подот од дневната соба. Прво мислев дека заспала, но потоа го забележав балонот околу нејзината глава“, се присетува таа.

Во објавата таа објаснува дека веднаш почнала со реанимација и повикала брза помош, но девојчето не можело да се спаси. Сѐ уште не е познато дали 7-годишното девојче починало од труење со хелиум или од задушување.
Кели ги предупредува другите за потенцијалните опасности и додава дека сака да ја „подигне свеста“ и „да ги едуцира другите“. Таа се надева дека нејзиното предупредување може да ги „спаси животите на другите деца“.

Повеќе