Мали деца, чудни навики

Опседнати се со играчки, но и со имагинарни пријатели за кои често зборуваат. Тоа е нормална реакција на сознанието дека светот е збунувачки и тешко разбирлив.

61

Малите деца знаат да бараат вообичаени, но и малку чудни нешта.

Сепак, според американската психијатарка Хедер Витенберг, овие фази на однесување брзо минуваат.

Таа наведува дека дури и фазите со крици, лаење или лижење предмети, на пример, се краткотрајни.

Она што изгледа бизарно, вели таа, е всушност, најчесто сосема нормално однесување за едно дете.

Удирање со глава

„Она што на возрасните им изгледа вознемирувачко, може да биде многу смирувачко за детето“, вели Витенберг.

Ритмичките, повторувачки движења помагаат да се смири престимулираниот нервен систем.

Сѐ додека нема опасност детето да се повреди или ако повеќе сака да си ја удира главата во ѕид отколку да се дружи, да јаде и да си игра, едноставно треба да се игнорира, или да му се предложи друга занимација заради пренасочување на однесувањето.

Рацете в панталони или во гаќичките

Оваа навика е уште една од оние што многу родители ја сметаат за проблем.

Витенберг вели дека не треба да му кажете „не“ на детето, туку смирено да му објасните.

„Можеш да го правиш тоа сам во соба, но не и во продавница или на училиште“, вели таа.

Чепкање нос

Лоша навика, но интересен „простор за истражување“ за децата…

Но, и тука нема простор за грижи.

Објаснете му на детето дека тоа не треба да се прави јавно и пред сите.

Плишани, пластични и замислени пријатели

Многу деца се опседнати со играчки, но и со имагинарни пријатели за кои често зборуваат.

Тоа е нормална реакција на сознанието дека светот е збунувачки и тешко разбирлив.

Имено, светот што го создава детето е многу попријатен, а тоа е само куса, преодна фаза кон реалноста.

Кога возрасниот ги прифаќа замислите и мечтите на детето, ја почитува неговата или нејзината креативност.

Кога ќе се изгуби кадифениот „пријател“, или пак треба да се закрпи и сошие, тоа е можност да му покажете на детето дека тоа може да се движи и надвор од својата комфорна зона.

Замислениот пријател си заминува по неколку месеци.

Ставање одредени работи во уста

Децата ја користат устата како алатка за истражување на светот.

Можеби експериментираат, но понекогаш тоа може да е и здравствен проблем со невообичаена потреба.

На крајот, сè се сведува на сериозноста и зачестеноста на нагонот.

Така, експертката препорачува: Повременото ставање безопасни предмети во уста не е опасно, но ако дете посегне по нешто ситно, остро, тврдо, валкано, по ѓубрето или по песокот од мачката и уште е и опседнато со тоа, време е да се разговара со педијатар.

Други чудни работи

Некои мали деца сакаат да носат одредена наметка по цел ден, или постојано да бидат голи…

Овие „незрели“ фази се нормален дел од детството и разбирањето на своето место во светот.

Сè додека тоа не прејде во опасност и ненормално однесување на повозрасно дете, нема место за грижа.

Можеби ќе треба да му објасните дека ова е нешто што може да го прави, па така малечкото побргу ќе ја изживее необичната навика.

Советот гласи: Толерирајте го чудното однесување, но не го занемарувајте. Може и да се сними – тоа е одличен начин да му покажете на детето – какво било во тој миг. 

Повеќе