Мама знае: Дали мајчинската интуиција навистина постои?

Врската помеѓу мајките и нивните деца е исклучително силна, но дури и научниците немаат објаснување за одредени видови на поврзување. Интуицијата е една од нив.

21

Студиите за интуитивното чувство кое мајките го развиваат кога се во прашање нивните деца се исклучително ретки, но тие постојат. Сепак, нивното толкување е многу напорно, бидејќи единствениот начин да се добијат влезни податоци е субјективното чувство на родителите.

Некои психолози цврсто се придржуваат до теоријата дека мајчинската интуиција е вистинско чувство, но многу сложено, па дури и науката не нашла целосно одговор на тоа.
Истражувањето за интуитивното чувство кое мајките го развиваат кога се во прашање нивните деца е исклучително ретко, но постои.

Сепак, нивното толкување е многу тешко бидејќи единствениот начин да се добијат податоци е субјективното чувство на родителите.

Некои психолози цврсто се придржуваат до теоријата дека мајчинската интуиција е вистинско чувство, но многу сложено, па дури и науката не нашла целосен одговор на тоа.

Во основата на мајчинската интуиција е теоријата за поврзаноста

Коренот на мајчинската интуиција би можел, според психолозите, да биде во таканаречената теорија на поврзаноста, која прв ја идентификувал и опишал британскиот психолог Џон Боулби. Научникот го објаснил овој феномен на многу едноставен и логичен начин: децата се раѓаат со потреба да бидат поврзани со оние што се грижат за нив (родителите), при што оваа врска се реплицира во поголема или помала мера во односите со другите луѓе, како што тие растат.

Со родителите таа врска речиси никогаш не се раскинува, бидејќи родителите се тие што ја негуваат и кога детето е целосно пораснато. Преку овие „невидливи нишки“ мајките се поврзуваат со своите деца на посебен начин, дури и кога се на далечина.

„Ова интуитивно чувство почнува да се развива многу рано и ако се негува, може да стане исклучително силно, па дури и непогрешливо“, објаснила лиценцираната терапевтка Мајра Мендез.

Мајките се исклучително чувствителни на промените кај нивните деца

Од првите денови на мајчинството, новопечените мајки можат да разликуваат различни видови плачење кај своите малечки, додека разликите во „кенкањето“ на другите деца можат да бидат целосно нечујни за нивните уши.

„Знаат кога детето плаче затоа што е гладно, кога плаче затоа што треба да му се смени пелената и кога станува збор за плачење предизвикано од некаква болка“, вели психологот Ернесто Лира де ла Роса. Веќе тогаш почнуваат да ѝ веруваат на својата интуиција и ја создаваат таа врска со децата.

Постои уште една теорија која (барем делумно) го објаснува постоењето на мајчинската интуиција, а нејзината основа лежи во генетиката.

„За време на бременоста, мајката доживува низа хормонални промени, а дел од нејзината ДНК е вткаена во бебето што е во нејзиниот стомак“, објаснува Лира де ла Роса.

„Значи, не е исклучено дека интуицијата е сосема легитимно чувство кое се развива неколку месеци пред детето воопшто да дојде на свет. Сепак, ниту една теорија нема доволно докази за да стане широко прифатена.

Повеќе