Мечка страв, мене нестрав! Првиот скок во базен на едноиполгодишно девојче ги воодушеви сите (ВИДЕО)

На девојчето му требаат неколку моменти да собере храброст за да скокне, но кога го направи тоа, луѓето околу неа почнаа да плескаат од возбуда.

465

На својот профил на Тик-Ток, Колин Стенли сподели видео од првиот скок во базен на нејзината едноиполгодишна ќерка.

Малечкото девојче е на базен со својата мајка, а на видеото се гледа моментот кога тоа стои на даската за скокање, додека нејзината мајка ја чека во базенот.

На девојчето му требаат неколку моменти да собере храброст за да скокне, но кога го направи тоа, луѓето околу неа почнаа да плескаат од возбуда.

Видеото за неколку дена беше прегледано 3,6 милиони пати, а многумина беа импресионирани од нејзината храброст.

„Малечката е похрабра од повеќето возрасни“, „Мала, но храбра“, „Браво! Истото го направивме и со нашите деца, сакавме што поскоро да ги ослободиме од стравот од скокање во вода“, „Одлична беше, браво малечка!“, „Морам да признаам дека подобро скока од мене“, „Преслатко! Верувам дека ќе ѝ биде мило да го гледа видеово кога ќе порасне“, се само дел од позитивните. коментари.

Повеќе