Авторите на студијата, објавена во швајцарското списание „Frontiers in Psychology“, тврдат дека мирисот на новороденото бебе е толку моќен што може да предизвика силно чувство на задоволство во мозокот на возрасните, слично на она што го доживуваат зависниците од психоактивни супстанции.
Сепак, оваа карактеристика на мирисот на новороденчето исчезнува шест недели по раѓањето. Иако точниот молекуларен состав на овој мирис не е познат, научниците се сомневаат дека тој, меѓу другото, потекнува и од молекулите кои се наоѓаат во плодовата вода, супстанца што ја штити кожата на плодот за време на бременоста.
Иако акушерките темелно го капат бебето веднаш по раѓањето, трагите од молекулите остануваат на неговата кожа, а особено на косата, до шест недели.
Овој мирис има силно влијание врз возрасните, буди во нив чувство на неизмерна среќа и задоволство.
Ова го потврдија резултатите од експериментот во кој учествуваа 30 жени. Од нив било побарано да ги мирисаат ќебињата на новороденото бебе, а со помош на прецизни уреди поврзани во тој момент, сите без исклучок покажале зголемена активност во деловите од мозокот одговорни за создавање на чувство на задоволство.