На пазарот пристигна првата Барбика со Даунов синдром (ВИДЕО)
Новата кукла на Мател е пониска и има подолго торзо, што се карактеристики генерално поврзани со Дауновиот синдром. Лицето ѝ е позаоблено, ушите помали, а очите во облик на бадем. Исто така, на дланката има и една линија. Да, тоа е првата Барбика со Даунов синдром
Компанијата Mател објави дека на пазарот доаѓа првата Барбика со Даунов синдром. Mател соработуваше со Националното здружение за Даунов синдром (NDSS) за дизајнот на куклата за подобро да ги претстави жените кои живеат со оваа состојба. Затоа, куклата е пониска и има подолго торзо, што се карактеристики генерално поврзани со Дауновиот синдром. Лицето ѝ е позаоблено, ушите помали, а очите во облик на бадем. Исто така, на дланката има и една линија.
Куклата доаѓа облечена во фустан со сини и жолти цветови и пеперутки. Исто така, таа има розев ѓердан со три шеврони, што претставува три копии од 21-от хромозом. Mател не остави ништо на случајноста, па значаен е и изборот на чевлите на куклата. Таа носи розови ортози за глуждовите, кои ги носат некои луѓе со Даунов синдром.
Британската манекенка Ели Голдстајн (21), која има Даунов синдром и има работено со Вог, Гучи и Адидас, го прослави доаѓањето на новата кукла, признавајќи дека била воодушевена кога ја видела новата играчка.
„Различноста е важна за мене бидејќи луѓето треба да гледаат повеќе луѓе како мене во светот, а не да бидеме скриени“, вели таа.