Научниците ја открија вистинската причина зошто бебињата клоцаат во стомакот
Не постои правило колку удари дневно е нормално да има, но доколку забележите дека бебето е посмирено од вообичаено, обрнете внимание. Изедете нешто слатко и легнете на страна. Во рок од еден час треба да почувствувате најмалку 10 движења.
Секоја трудница желно ги исчекува ударите на бебето во својот стомак бидејќи тие се воедно и показател дека бременоста се развива правилно. Новите студии покажуваат дека овие движења сепак не се случајни и дека значат повеќе од само истегнување во утробата.
Студијата објавена во списанието Scientific Reports сугерира дека движењата на фетусот му овозможуваат на бебето да конструира основна мрежа на мозокот за да може да разбере кој дел од телото се движи.
Истражувачите велат дека бебињата всушност се обидуваат да поттикнат важни врски во нивниот растечки мозок со овие движења и удари и дека тоа им помага да создадат внатрешна „мапа“ на сопственото тело. „Овие удари, познати како фетални движења, му овозможуваат на бебето да изгради основна мозочна мрежа за да може да разбере кој дел од телото се движи и како се допира“, пишува Live Science.
Тимот ги анализираше мозочните бранови на 19 бебиња стари 2 дена, од кои некои се родени предвреме. Користењето на неинвазивна електроенцефалографија (ЕЕГ) покажала дека ударот на бебето го активира делот од неговиот мозок поврзан со сензорен влез, познат како соматосензорен кортекс.
Се надеваме дека овие фасцинантни откритија ќе помогнат да се негува мозокот на предвремено родените бебиња кои сѐ уште се развиваат, поттикнувајќи ги нивните медицински тимови да создадат средина што ја имитира утробата за да го поттикне развојот.
„Наодите од студијата може да имаат импликации за неонаталната клиничка нега, како на пример како да се завитка предвремено родено бебе за да може да го задржи чувството дека е во утробата и да продолжи да ја развива оваа основна мозочна мрежа“, велат авторите на студијата од Универзитетот од Лондон, Кимберли Вајтхед и Лоренцо Фабрици.
Поврзаноста на ударите со мозочната активност престанува неколку недели по раѓањето. Повеќето трудници почнуваат да ги чувствуваат движењата на бебето помеѓу 16-та и 24-та недела од бременоста. Чувствуваат нешто како удари, треперење, скокоткање…, во зависност од тоа во кој месец од бременоста се наоѓа, но чувството е индивидуално за секоја жена.
Не постои правило колку удари дневно е нормално да има, но доколку забележите дека бебето е посмирено од вообичаено, обрнете внимание. Изедете нешто слатко и легнете на страна. Во рок од еден час треба да почувствувате најмалку 10 движења.
Жените ги чувствуваат феталните движења порано во втората и во секоја наредна бременост. Секако, има и посмирени и поактивни бебиња, што не значи дека такви ќе останат и кога ќе се родат. Ритмичките нежни движења се всушност икање на бебето во стомакот, кое го чувствува и мајката.
Помеѓу 24 и 28 недела фетусот реагира на познати звуци и гласови, а ударите се најсилни помеѓу 32 и 36 недела кога ќе порасне, ќе зацврсне и ќе зајакне. После тој период се смирува бидејќи на бебето почнува да му недостига простор и главно тогаш се веќе спремни за породување. Нормално е дека има помалку удари, а активноста на плодот обично се зголемува кога трудницата ќе се смири, како и после оброк.