Научниците пресметале колку им треба на новите мајки за да се прилагодат на мајчинството

Истражувањето објавено во списанието Sexual and Reproductive Healthcare покажува дека на новите мајки им се потребни во просек шест месеци да стекнат самодоверба и да се чувствуваат како да ги надминале тешките предизвици на мајчинството.

1.411

Кога бебето ќе дојде на свет, на многу новопечени мајки им е тешко да се навикнат на сосема поинаквиот ритам на живот. Одеднаш имаат многу повеќе обврски, уморни се, сѐ уште се опоравуваат од породувањето, а покрај сето ова треба да се грижат и за едно мало, чувствително суштество. Како што минува времето, така и новите мајки фаќаат чекор со сите промени. Но, експертите дошле до точна пресметка за тоа колку време, во просек, им е потребно на новите мајки да се прилагодат на мајчинството.

Истражувањето објавено во списанието Sexual and Reproductive Healthcare покажува дека на новите мајки им се потребни во просек шест месеци да стекнат самодоверба и да се чувствуваат како да ги надминале тешките предизвици на мајчинството.

„Добиените резултати ја поддржуваат претпоставката дека родителството е комплициран период за мајките кои родиле првпат. Кај нив се појавувал недостаток на самодоверба, симптоми на депресија и висок стрес, кој со текот на времето исчезнувал, а во повеќето случаи периодот на приспособување бил шест месеци“, објаснуваат авторите на споменатата студија.

Повеќе