Научно докажано: Зошто првиот оброк по породувањето е толку добар?

Сите мајки ќе се согласат, првиот оброк по породувањето е божествен! А одговорите на прашањето зошто е тоа така, се дадени подолу.

81

Неодамна на интернет стана вирална фотографија од мајка која јаде сендвич веднаш по породувањето. Фотографијата стана вирална со причина: речиси секоја мајка може да се поврзе со фотографијата и интензивната желба за одредена храна веднаш по породувањето.

Порталот Mother.ly ги замолил читателките да напишат кој бил нивниот прв оброк по породувањето, а одговорите можеби навистина ќе ве изненадат:

Оризова каша и пржен свеж грав
Стек – средно печен
Остриги и шампањ
Лосос
Ракчиња
Домино’с пица
Сендвич од мисирка
Глазирани крофни
Помфрит
Суши
Цезар салата со пилешко
Сендвич со пршута и моцарела
Шпагети со прилог од пире од компири
Домашни колачиња од овесни снегулки и путер од кикиритки

Но, едно е сигурно, што и да изедат по породувањето, првиот оброк ќе биде божествен! Во продолжение прочитајте ги трите причини зошто го сакаме првиот оброк по породувањето.

Стресот предизвикува глад – бременоста и породувањето можат да бидат стресни!
Кога сме под стрес, нашите тела ослободуваат хормон на стрес, кортизол. Кога се ослободува кортизол, телото ја зголемува брзината со која се обработуваат јаглехидратите и мастите; тоа го прави за да се осигура дека имаме доволно енергија за да се справиме со стресната ситуација во која се наоѓаме. Нашето тело сè уште мисли дека треба да бидеме во состојба да „побегнеме од мечката“. Резултатот од ваквите сигнали и зголемениот стрес, согорувањето на мастите и јаглехидратите е гладот, а особено сакаме да јадеме масти и јаглехидрати.

Значи, ова можеме да го поврземе и со бременоста и со породувањето. Бременоста е неверојатна, но во исто време е и многу стресна: почнувајќи со грижа дали сè ќе биде во ред, чекање, голема листа на обврски итн. Според истражувањата, речиси 80% од жените чувствуваат одреден степен на нервоза поради породувањето, а сите овие фактори може да доведат до зголемен стрес. Самото породување носи високо ниво на стрес – грижата за сè да оди добро, напнатоста предизвикана од непријатноста и болката и секако, возбудата од конечното запознавање со вашето слатко бебе, сето тоа придонесува за повисоки нивоа на кортизол.

Одредени намирници не прават посреќни!
Научниците открија дека одредена храна може да го стимулира лачењето на серотонин, хормон кој ни помага да се чувствуваме среќни. Еден од начините на кои тоа се случува е со јадење храна која содржи аминокиселина триптофан, а повисокото ниво на триптофан му олеснува на нашето тело да создава и користи серотонин. Еве неколку намирници кои се богати со триптофан – и додека ги читате, ќе забележите некои сличности со листата на постпартални оброци погоре:

Лосос
Сирење
Јајца
Мисиркино месо
Јаткасти плодови
Млеко
Соја
Спанаќ

Нашите тела се паметни и точно знаат што им треба! Ова е една од причините зошто се случува емоционалното јадење. Кога сме тажни (или лути или под стрес), нашето тело се обидува да ни помогне со желба за храна која може да ни помогне да се чувствуваме подобро.

Го сакаме она што не можеме да го имаме
Повеќето здравствени установи во САД советуваат трудниците да избегнуваат одредена храна. да се намали ризикот од внесување на опасни бактерии кои можат да предизвикаат инфекции. Некои од намирниците на „листата за избегнување“ вклучуваат:

Ладно месо
Сирова риба (како суши)
Недоволно варено месо
Непастеризирани сирења

Нашите тела (и да бидеме искрени, нашите емоции) долго време копнееле за оваа храна за време на бременоста, но не можевме да ги добиеме – и токму затоа ги сакаме толку многу сега! Драги мајки, слободно испланирајте го тој прв оброк по породувањето, навистина е повеќе од заслужен!

Повеќе