Не им го олеснувајте животот на вашите деца! Како да одгледате успешно дете?

„Ништо не им дадов, дури ни кога беа мали. Мораа да заработат сè“, вели Естер Војчицки, мајка на три успешни ќерки и авторка на бестселерот: „Како да се воспитаат успешни луѓе“

308

Повеќето родители сакаат на своите деца да им го дадат најдобриот можен живот, но имајте на ум дека тоа не е секогаш добро за децата.

„Важно е да се спротивставиме на нагонот да му дадете на вашето дете сè она што вие сте го немале. Креативноста и иновативноста се појавуваат кога немате сè“, вели Естер Војчицки, мајка на три успешни ќерки. Сузан е извршна директорка на Јутјуб, Џенет е докторка, а Ана е коосновач и извршна директорка на компанијата 23andMe. Сите три жени се искачиле на врвот на конкурентните професии во кои доминираа мажи.

„Ништо не им дадов, дури ни кога беа мали. Мораа да заработат сè“, продолжува Војчицки.

Војчицки своето воспитување го засновала на зборот TRICK: trust (доверба), respect (почитување), independence (независност), collaboration (соработка) и kindness (љубезност). Таа вели дека нејзините ќерки никогаш не се плашеле ништо да кажат и дека од мали нозе биле охрабрувани сами да заработат и да ги трошат своите пари како што им одговара.

„Моите деца беа на некој начин како заморчиња. На нив ја испробав филозофијата на образованието“, додаде Војчицки.

Начинот на кој ги воспитувала своите деца бил сосема поинаков од методите што ги следеле нејзините родители. Затоа решила да ги промени работите.

„Кога станав мајка, си реков дека сакам да им создадам детство какво што посакував за себе. Луѓето имаат тенденција да го следат она што го научиле, а тоа понекогаш е погрешно“, смета таа.

Војчицки е автор на бестселерот „Како да се воспитаат успешни луѓе“, во кој ги охрабрува родителите да им дозволат на своите деца сами да донесуваат одлуки и да прават грешки. Со други зборови, таа отворено се спротивставува на таканареченото хеликоптер родителство и никогаш не трчала по своите деца ниту се обидела да ги заштити од сè.

Повеќе