Не покажувајте, не шепотете, не гледајте на друга страна. Јас сум иста како вас

Девојче сака да го промени начинот на кој светот ја гледа: Дауновиот синдром е мојата супермоќ

251

Жал ми е. Ова се зборови кои семејството Армстронг ги слушнало безброј пати откако пред 11 години ја добиле ќерката Миа. Почнувајќи од докторот кој ги информирал дека нивното дете има Даунов синдром до непознати лица кои ги среќаваат во јавноста, добиле впечаток дека сите веруваат дека имањето дете со оваа генетска состојба е несреќен случај. Сепак, семејството Армстронг знае дека е ова далеку од вистината.

Миа не дозволува тој мал дополнителен хромозом да ја дефинира или забави. Таа е актерка и модел и верува дека Дауновиот синдром е нејзината супермоќ.

„Луѓето со Даунов синдром се способни, паметни и силни. Луѓето како мене припаѓаат на овој свет. На светот му треба повеќе добрина и љубов“, вели ова девојќе на ТикТок.

Миа и нејзината мајка Кара ги користат социјалните мрежи за да го променат начинот на кој светот ги гледа луѓето со Даунов синдром.

„Таа има неверојатна емоционална интелигенција, паметна е и знае што ни треба. Таа нè сака навистина, онака како што треба да бидеме сакани и таа е буквално лепилото што го поврзува нашето семејство”, вели нејзината мајка Кара.

Миа сака панталони повеќе од фустани и не се плаши да го каже она што прво ѝ паѓа на памет, дури и ако тоа се граничи со несоодветно. Таа влезе во историјата во 2018 година кога беше првата личност со Даунов синдром што се појави во телевизиското шоу The View.

Повремено држи лекции за бонтон на Инстаграм и дава совети што да не правите ако на јавно место сретнете некој со Даунов синдром.

„Не покажувајте, не шепотете, не гледајте на друга страна. Јас сум иста како вас”, советува таа.

„Миа го менува начинот на кој светот ги перципира луѓето со Даунов синдром. Нејзиниот живот е важен и има цел. Миа нѐ учи дека луѓето со Даунов синдром можат да постигнат големи работи и да прават неверојатни работи. Миа нѐ учи да бидеме храбри секој ден во работи што сакаме да ги правиме и да ризикуваме“, е пораката на нејзиното семејство.

Повеќе