Некои деца се раѓаат како бизнисмени: продаваат камења како суво злато

Знам дека како помали и ние со другарките правевме накит од тестенини во облик на ѕвездички, алки, ланчиња. Венчиња се знае, се плетеа со цвеќе, а со Кате продававме и нацртани камења. Ама бизнисот слабо одеше. Затоа децава денес….

477

Кога со другарка ми Кате како помали, додуша не баш многу мали, сигурно имавме барем 13-14 години, решивме да правиме бизнис. Собравме камења со интересни облици и текстури и почнавме да ги цртаме. Потоа правец на плоштад и ги продававме. Неоти беа скапи, ама добро и што не не натепаа.

„Да бе, многу сте паметни, камења ќе продавате, нели?“

Ете вака некако реагираа повеќето. Некои и купија од што им беше жал бидејќи сметаа дека мора некоја голема мака да не натерала на ова. На никој не му текна дека ние бевме горди авторки на уметнички дела, па макар биле тие и камења.

Знам дека како уште помали правевме накит од тестенини во облик на ѕвездички, алки, ланчиња. Венчиња се знае, се плетеа со цвеќе. Ама бизнисот слабо одеше. Мислам дека освен камењата не сме ни пробале да продадеме нешто друго. Освен што одевме на бувљак да продаваме стари, а богами и нови алишта и обувки кои ни ги испраќаше тетка ми од Америка, ама нам голем дел од нив не ни се вклопуваа во имиџот. А имиџот ни беше хипи. Значи, развлечкано, широко, шарено, со многу тракатанци.

Дури знам дека еднаш другар ни Стево успеа да шитне за некои ситни пари еден пар женски и еден пар машки чевли за кои на цел глас викаше дека се свечени свадбарски чевли.

Како и да е, сега гледам дека некои деца како да се раѓаат со диплома за бизнис менаџмент.

Знаат да ти продадат и камења како да се суво злато.

Барем така изгледа според овој импровизиран детски пазар за ракотворби на хрватскиот остров Хвар кој од година во година се повеќе се шири, а цените растат пропорционално со ние по локалните суверинарници.

А се продава се и сешто, повеќето предмети најдени во природата, а некои и направени од вредните детски раце. Цените се речиси па како и на оние што држат тезги за сувенири на шеталиштето.

И да знаете, нема ценкање.

Повеќе