Невообичаени знаци кои откриваат надарени деца – зрела смисла за хумор, послаби достигнувања во училиште, емоционална преосетливост

Ова се само неколку примери кои можат да бидат показатели за асинхрониот развој. За надарените деца не е невообичаено тоа што, иако во една област се исклучителни, во друга сè им оди потешко и побавно.

356

Дали моето дете е посебно? Без разлика дали сакаат да признаат или не, ова е прашање што повеќето родители си го поставуваат во одреден момент. Сите ние ги гледаме нашите деца со поинакви очи и сакаме да веруваме дека има нешто посебно и генијално во нив.
Меган Канела е вработена во Институтот Дејвидсон, каде што е одговорна да им помага на децата кои покажале исклучителни резултати на тестовите за интелигенција да го достигнат својот целосен потенцијал.
Таа вели дека повеќето надарени деца побрзо ги учат и обработуваат информациите од нивните врсници и умеат да го совладаат материјалот наменет за повисоки одделенија од оние што тие ги посетуваат.

Но, овие деца не се секогаш примерни ученици кои постигнуваат одлични резултати. Всушност, вели таа, надареноста изгледа различно кај секое дете.

Невообичаени знаци кои откриваат надарени деца

  1. Асинхрон развој
    Дали вашето паметно дете се бори со едноставни секојдневни задачи, како што е врзувањето на врвките од чевлите или можеби не може да се сети да ги мие забите додека не го потсетите (иако одамна требаше сам да води сметка за тоа)?

Ова се само неколку примери кои можат да бидат показатели за асинхрониот развој. За надарените деца не е невообичаено тоа што, иако во една област се исклучителни, во друга сè им оди потешко и побавно.

На пример, надарено осумгодишно дете може да чита на ниво на шесто одделение, да разбира математика на ниво на петто одделение и да има социјална интелигенција соодветна за неговата возраст. Но, неговата емоционална регулација може да биде на ниво на петгодишно дете. Сето ова не е ништо необично кога станува збор за надарено дете.

  1. Емоционална хиперсензитивност на рана возраст
    Невронаучниците велат дека надарените деца имаат многу поинтензивни емоционални реакции на светот и настаните околу нив.

На пример, може да им биде многу тешко да уживаат гледајќи цртан филм во кој еден од ликовите страда или е повреден. Многумина имаат многу силно чувство за правда и можат да бидат многу разочарани или фрустрирани кога сметаат дека ситуацијата едноставно не е онаква каква што треба да биде во смисла на правичност.

Доколку покрај оваа чувствителност имаат и асинхрон развој, многу е веројатно дека немаат доволно развиени вештини за саморегулација за да се справат со сите овие чувства.

  1. Егзистенцијално испрашување
    Надарените деца често имаат љубопитност што е многу тешко да се задоволи. Особено кога станува збор за егзистенцијалните аспекти на животот.

Тие ќе бидат повеќе заинтересирани и загрижени кога станува збор за теми како смртта, сиромаштијата, климатските промени, неправдата отколку нивните врсници. Дури и цртан филм или книга што се занимава со тема на насилство или екологија може да ги поттикне нивните силни чувства или да предизвика лавина прашања. Од оние како „Што се случува кога ќе умреме“ до „Зошто се случуваат лоши работи во светот?“

  1. Специфични интереси и зрела смисла за хумор
    Надарените деца понекогаш лесно се препознаваат по многу специфични интереси. Ги знаете оние деца кои на четиригодишна возраст ги знаат сите главни градови на сите земји или осмоодделенецот кој, да речеме, учи хемија во слободното време. Родителите понекогаш се грижат дека нивното дете го пропушта детството. Но, во реалноста, тие едноставно имаат понапредно разбирање за одредени теми од нивните врсници.

Исто така, ако вашето дете често знае да каже некоја досетка која ќеве изненади со нејзината зрелост и ќе ве насмее, ова исто така може да биде знак дека размислува поинаку.

  1. Послаби постигања по одредени предмети
    Надарените деца имаат исклучително голема потреба од постојана ментална стимулација. Може да им биде здодевно на училиште бидејќи ги учат работите побрзо и полесно од нивните врсници.

И кога училиштето не претставува никаков предизвик, тие лесно ја губат мотивацијата. Размислете, на пример, како би се чувствувале кога работите осум часа работа што е далеку под вашите знаења и способности?

Иако би им било лесно да научат за петка, тие не ја гледаат целта и престануваат да се трудат.

Надарените деца имаат огромен потенцијал
Во својата суштина, надареноста е всушност разлика која влијае на детето поинаку да го набљудува светот околу него. Колку повеќе ја истражувате надарената страна на вашето дете, толку подобро ќе ја разберете и подобро ќе бидете подготвени да му помогнете да го достигне својот целосен потенцијал.

Повеќе