Нутриционистка открива кои 3 намирници никогаш не треба да им ги даваме на малите деца

Намирниците за кои нутриционистката Ријанон Ламберт верува дека треба да избегнуваме да им ги даваме на малите деца се: мед, суво овошје и
непастеризирани сирења.

3.086

Според неодамнешното истражување, исхраната на британските деца е меѓу најлошите во светот. Истражувачите од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил ја споредиле исхраната на повеќе од 66.000 деца и откриле дека исхраната на британските деца е најлошо рангирана во споредба со седум други земји, вклучувајќи ги САД, Австралија, Бразил и Мексико.

Ултра-обработената храна сочинува 61 отсто од внесот на енергија за деца на возраст од две до пет години во Велика Британија, велат истражувачите. Како одговор на овие наоди, регистрираната нутриционистка Ријанон Ламберт сподели некои намирници што родителите треба да ги избегнуваат во исхраната на нивните деца. Во интервју за The Sun таа спомена неколку намирници на кои родителите треба да внимаваат доколку нивните деца се помлади од пет години.

Храната за која таа верува дека треба да избегнуваме да им ја даваме на малите деца се:
мед
суво овошје
непастеризирани сирења.

Како што објаснува, медот е намирница која може да биде токсична за децата до една година. Исто така е голем извор на шеќер кој може да предизвика расипување на забите кај бебињата доколку често се консумира.

Кога станува збор за сувото овошје, нутриционистката нагласува дека децата до пет години не треба да јадат суво овошје, како суво грозје или суви кајсии, освен ако тоа не се јаде како дел од оброк. Имено, тоа е исто така полно со шеќер што доведува до развој на кариес.

Непастеризираните видови сирење може да го разболат вашето дете, вели Ламберт, бидејќи постои ризик од пренесување на бактеријата листерија.

„Затоа е важно да го избегнувате. Задолжително проверете ги етикетите на сирењата за да бидете сигурни дека се направени од пастеризирано млеко“, предупредува нутриционистката, додавајќи дека на децата до две години им треба многу енергија од масти, па се препорачуваат полномасни опции за храна.

Повеќе