Ова се 10 застрашувачки „први“ моменти со новороденчето

Можеби веќе сте го пресоблекувале бебето на својата братучетка или пријателка или на помалиот брат или сестра, па ваквите работи не ве плашеле со сопственото дете, но секој родител стекнува вистинско искуство дури кога бебето ќе стигне во неговиот живот.

49

Иако многумина објаснуваат дека родителските инстинкти се развиваат веднаш и дека новите родители веднаш ќе знаат што да прават во некои ситуации, има моменти кога тоа може да биде многу тешко, па дури и по малку застрашувачки.

Еве неколку моменти кога би можеле да се чувствувате исплашено:

Прво сечење нокти

Прстите на децата се толку мали и нежни што родителите може да се чувствуваат беспомошни, особено кога се мрдаат. Наоружајте се со трпение и полека средете ги ноктите на вашето бебе. Со текот на времето тоа ќе ви стане рутина и веќе нема да ви биде страв.

Прво доење

Моментот кога мајката треба да го нахрани своето мало бебе за прв пат, иако целиот процес е природен, може да биде исклучително тежок. Можеби ќе откриете дека луѓето околу вас мислат дека треба да бидете супер мајка која знае сè и нема никакви проблеми, но не обрнувајте внимание на нив.

Првиот гласен плач на бебето

Многу родители се сеќаваат на тој звук. По излегувањето од болница ќе почнете да ги слушате сите звуци. Како се мрднало бебето и дали малку заплакало. Кога ќе го слушнете првиот силен плач на вашето бебе што се претвора во дерење, можеби ќе почувствувате паника: „Што се случува? Дали го боли нешто?“

Секој нов родител поминува низ ваква паника, а со текот на времето преку плачот ќе открие што му кажува бебето.

Прво капење

Малото бебе е кревко и може да изгледа многу лизгаво. Подгответе се што ви треба и полека капете го вашето малечко. Најпрво полека намокрете го малку и ќе се чувствувате многу посигурни.

Прво користење на аспиратор за нос

Аспираторот што ќе го исчисти носот на вашето бебе може да изгледа застрашувачки. Дали нешто ќе му се случи? Дали ова може да влијае на неговиот мозок? Сето ова се прашања што може да се појават кога сте млад родител. Сепак, нема причина да се грижите, а вашето дете ќе дише многу полесно.

Пресоблекување на бебето

Како да ја смените облеката на тоа мало суштество, а да не му ги повредите малите рачиња? Бодињата изгледаат толку мали. Сепак, беше многу полесно да се пресоблекува куклата!

Прво возење во автомобил

За прв пат ќе ви се чини дека вашиот автомобил лета дури и кога брзината е сосема мала. Ќе размислувате само за безбедноста на вашето дете и за стасување дома што е можно поскоро за да бидете сигурни дека сè е во ред. На тие возења, најлошото нешто што може да ви се случи е вашето дете да почне да плаче навистина, навистина силно.

Кога се возите сами со детето во автомобил

Кога се возите сами со детето, ќе бидете под стрес, а иако вашите очи треба да гледаат што се случува на патот, многу повеќе ќе гледате во ретровизорот. Со текот на времето, вашето дете ќе се навикне на автомобилот, а вие ќе станете сè посигурни во вашите заеднички возења.

Прв шопинг со бебето

Во рацете држите список со намирници што треба да ги купите, а вашето малечко само што почнало неутешно да плаче. Дали има излез од оваа ситуација? Дали треба да го доите вашето бебе или да му дадете шише? Дали ќе доите јавно? Или ќе брзате дома. Како што расте вашето бебе, вашата дневна рутина ќе станува полесна, па ќе ви биде многу полесно да правите такви работи.

Прво ставање на бебето во носилка-кенгур

Ова е дефинитивно една од потешките работи. Првиот пат ќе биде работа за две лица, а можеби и следните дваесет пати.

    Повеќе