Пет нешта за кои милениумците им замеруваат на своите родители

HuffPost ги прашал милениумците што би сакале да направеле нивните родители поинаку во однос на одредени аспекти од нивното воспитување. Еве што имаа да кажат.

144

Кога станува збор за воспитување, повеќето родители се трудат да дадат сѐ од себе. Некои ги поттикнуваат своите деца да се занимаваат со спорт или кариери во науката и технологијата. Во секој случај, тие го сакаат најдоброто за своите деца, иако понекогаш не го изразуваат тоа на вистински начин. Разбирањето на одредени теми во родителството се промени во последните децении. Начините на кои зборуваме за храната, големината на телото и родовиот идентитет, на пример, значително еволуирале.

HuffPost ги прашал милениумците што би сакале да направеле нивните родители поинаку во однос на одредени аспекти од нивното воспитување. Еве што имаа да кажат.

Совети
Повеќето се согласиле дека би сакале нивните родители да им давале подобри совети за кариерата и образованието.

Еден читател, Томи, споделил: „Бев прилично добар на училиште и повеќето од моите професори мислеа дека ќе одам право на факултет, но кога имав шеснаесет години решив дека повеќе сакам да бидам столар и да работам со дрво. По некое време , сфатив дека не сум навистина исполнет со таа работа“.

Решив да го продолжам образованието и избрав архитектура, надевајќи се дека ќе станам дизајнер на мебел. Откако дипломирав, барав работа повеќе од една година и на крајот ја изгубив мотивацијата да станам архитект. Денес се занимавам со градежништво.

„Посакувам моите родители рано да ме поттикнеа на истражување на академското поле. Доколку ме водеа во вистинската насока и беа малку покритични кон моите избори, веројатно денес ќе водев многу поинаков живот. Ако можев да се вратам назад и да почнам од почеток, би студирал медицина“.

Перспектива
Милениумците рекле дека во детството им пречело тоа што нивните родители не сакале да ја земат предвид нивната перспектива. Освен тоа, се жалат дека нивните родители не обрнувале поголемо внимание на развојот на дисциплината.

Мишел споделила: „Имам деца и не ги удирам, им објаснувам сѐ што сакаат да знаат, им велам дека ги сакам, дека ги почитувам и ги поттикнувам нивните страсти. Ги терам да преземат задолженија и им објаснувам зошто би морале да научат да ги прават. Не ме научија ништо за тоа. Ме тепаа, ме игнорираа, а јас едвај слушнав „те сакам“ или „се гордеам со тебе“. Освен тоа, дури и ме исмејуваа поради мојата љубов кон книгите“.

„Посакувам моите родители да беа подобри во регулирањето на сопствените емоции наместо само да реагираат интензивно. Не ги удирам моите деца и не им се заканувам. Не им се лутам затоа што ми поставуваат прашања и не дозволувам моето его да му застане на пат на мојот однос со нив. Имам реални очекувања од нивното однесување бидејќи тие се деца кои сѐ уште се развиваат“, објаснил Џилијан.

Семејно време
Милениумците се пожалиле дека нивните родители не му давале приоритет на квалитетното време со децата.

„Навистина посакувам мајка ми да ги ставаше своите деца на прво место. Партнерите секогаш беа пред нас и тешко ми беше да најдам какво било чувство на самопочит поради тоа“, рекла Кендис.

„Една работа што посакувам моите родители да ја направеа поинаку е да ѝ дадат повеќе приоритети на нашата семејна динамика. Често се чувствував засенет од потребите и барањата на другите членови на семејството, без разлика дали тоа беа моите браќа и сестри или дури и поширокото семејство“.

„Копнеев за поголемо индивидуално внимание и чувство на важност во семејството. Ќе беше значајно доколку моите родители се потрудеа да поминат квалитетно време еден на еден со мене, ангажирајќи се во активности кои им одговараа на моите интереси и аспирации“, изјавил Крис.

Нереални очекувања
Милениумците велат дека жалат што морале да се однесуваат како возрасни на рана возраст.

Сара објаснува: „Кога бев дете, ме третираа како мала возрасна личност. Од мене се очекуваше да правам работи, да ги разбирам работите и да се справувам со ситуации кои беа целосно развојно несоодветни, па дури и небезбедни. Единствено „прифатливо“ чувство беше среќата .

Не се осмелувавме да покажеме лутина, тага, фрустрација или разочарување од нашите родители или нашите животи. Ни се потсмеваа кога плачевме и постојано не удираа. Не ни беше дозволено да поставуваме прашања за сексот, човечкото тело, религијата, неправедната семејна динамика или системите на семејни верувања.

„Како најстара ќерка, автоматски бев дадилка. Никогаш не добив шанса да се однесувам како дете бидејќи бев принудена да размислувам повеќе од моите години. Мислам дека ми недостигаше да бидам дете и тинејџер. Бев принудена да ги ставам моите емоции настрана“, се надоврзала Фаузија.

Прекумерна критика
Друга работа во серијата е прекумерната критика. Милениумците жалат што нивните родители постојано ги критикувале. Наместо тоа, сакаа малку помалку да се жалеле на нив и да им покажеле повеќе љубов.

Извесен Алекс напишал: „Посакувам да можеа да ме гледаат како своја личност. Посакувам да разбереа дека не ми требаат критики, туку љубов. Постојаното следење на мојот живот, моите навики во исхраната, моите пријатели, моите избори, само придонесоа да ги гледам моите родители како противници. Она што навистина ми требаше беше нивната љубов и поддршка“.

Повеќе