Пет правила за зачувување на бракот кога ќе добиете деца

„Овие правила помагаат за одржување цврст темел на бракот, дури и кога семејните предизвици го преземаат секојдневието“, заклучуваат експертите.

24

Некогаш се чини дека бракот денес е потежок од кога било.

Без разлика дали се работи за итен проект на работа, грижа за децата или за извршување домашни работи, сите сме преокупирани со нашите зафатени распореди.

Иако сакаме да поминуваме време со партнерите, обврските често ни пречат во тоа, а фразата „уште само десет минути“ станува мантра во бракот.

Тогаш се прашуваме зошто односот ни има проблеми.

Одржувањето на семејство бара сериозен труд – од уредување на куќата и ставање храна на масата, до грижа за потребите на децата. Сепак, важно е да се запамети дека бракот е исто толку важен, ако не и поважен, според експертите.

Советниците и терапевтите д-р Тами Нелсон, Харвил Хендрикс, Хелен ЛаКели Хант, Тони Виктор, Сју Батлер и Кимберли Андерсон споделиле совети како да се одржи добар брак.

Добрата вест е дека не е толку тешко како што мислиме.

Поставете дневна рутина за вас и вашиот однос
Рутината може да биде мотивирачка, без разлика дали е неделно излегување со пријателите или време резервирано само за вас двајца.

„Доколку не сте сигурни од каде да започнете, одењето на свеж воздух или на кафе е одличен и лесен прв чекор“, советува д-р Нелсон во „YourTango“.

Бидете искрени за тоа како се чувствувате

„Без разлика колку е очигледен вашиот родителски стрес, голема е веројатноста дека вашите партнери не разбираат целосно што се случува. Не се плашете да ги споделите вашите чувства и да ги пуштите поблиску”, се согласуваат експертите.

Понекогаш е неопходно бракот да се стави на прво место

Децата често се центар на светот на нивните родители, но тоа не е нивниот целосен идентитет. Андерсон вели: „Една од најважните работи што паровите можат да ја направат е да ги слават своите идентитети како сопружници, а не само како родители.

Родителството може да биде дееротизирачко. Важно е да ги освежите работите гледајќи го вашиот партнер како маж или жена, а не само како родител на твоите деца“.

Повикајте засилување

„Нема ништо лошо во барањето помош. Ослободете се од менталитетот направи сам.

Имајќи дополнителен пар раце или уши може да направи огромна разлика во секојдневните предизвици”, велат советниците и терапевтите.

Согласете се дека понекогаш не се согласувате

Расправиите се нормални во сите здрави врски. Она што навистина е важно е како се справуваме со овие несогласувања. Целта на расправијата не е да се „победи“, туку и двајцата да се чувствуваме слушнати и разбрани.

„Овие правила помагаат за одржување цврст темел на бракот, дури и кога семејните предизвици го преземаат секојдневието“, заклучуваат експертите.

Повеќе