Поминувањето време со внуците го намалува чувството на осаменост
Додека дружењето со внуците има позитивно влијание врз здравјето, истражувањата покажале дека грижата за партнерот кој страда од одредени состојби или болести или е неподвижен, предизвикува чувство на осаменост, пишува The Guardian.
Ново истражување покажало дека земањето на внуците од училиште или од градинка има бројни придобивки за менталното здравје на бабите и дедовците. Ова истражување настанало со собирање на резултатите од претходните студии кои биле спроведени на 200.000 луѓе од 21 земја во светот, при што е докажано дека дружењето на бабите и дедовците со внуците може да ја намали осаменоста и да предизвика чувство на исполнетост.
Додека дружењето со внуците има позитивно влијание врз здравјето, истражувањата покажале дека грижата за партнерот кој страда од одредени состојби или болести или кој е неподвижен предизвикува чувство на осаменост, пишува The Guardian. Освен тоа, почестото и подолго поминување време со внуците има повеќе предности.
Времето поминато со внуците е важно
Истражувачкиот тим разгледал 28 претходни студии во кои биле вклучени повеќе од 191.652 луѓе на возраст над 50 години. Така, едно истражување покажало дека луѓето постари од 60 години кои поминуваат просечно 12 часа неделно дружејќи се со своите внуци имаат 60 отсто помали шанси да се чувствуваат осамено.
Ова е потврдено од друга студија која го истражува времето што бабите и дедовците го поминуваат со своите внуци. Така, се покажало дека колку почесто и повеќе биле во контакт со нив, толку посреќни и позадоволни биле бабите и дедовците.
Пробајте разни активности
„Постојат сосема јасни докази за позитивните ефекти за бабите и дедовците кои поминуваат време со своите внуци, додека грижата за партнерите имала негативен ефект“, вели Самиа Ахтер-Кан, авторка на истражувањето.
Уште еден доказ за убавото чувство по поминувањето време со внуците е честата осаменост на бабите и дедовците чии пријатели можеби починале, па затоа дружењето со внуците ги прави да се чувствуваат помлади, но и да пронајдат забава и друштво во кои можат да уживаат.
Во дружењето со внуците, секогаш можете да вклучите некои активности кои се одличен начин за движење, зближување, корисно поминување на времето, а не помалку важно – добра забава.