Последици кои се јавуваат кај децата како резултат на премногу активности и играчки

Иако се безбедни во физичка смисла, децата во западните земји живеат во „ментална“ воена зона каде постојано трпат напади од стравовите, желбите и амбициите на нивните родители. Во нивните животи има премногу од сѐ, што предизвикува „кумулативна стресна реакција“, еден вид одбранбен механизам.

740

Ким Џон Пејн е педагог и автор на книгата „Едноставно родителство“, во која опишува како современиот начин на воспитување на децата доведува до психолошки проблеми, од кои најраспространето е таканареченото АДХД или нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание.

Пејн спровел експеримент на група деца со ова нарушување – им го поедноставил животот. Резултатите ја надминале ефикасноста на класичната терапија со лекови како Риталин. Дури 68 отсто од децата ги изгубиле симптомите, а забележано е подобрување на академските перформанси за 37 отсто.

До заклучок дека децата во западниот свет страдаат од последици од пренатрупаноста на нивните животи со различни надворешни „работи“, Пејн дошол благодарение на неговото искуство во бегалските кампови во Џакарта, Индонезија.

Таму имал можност да ги види симптомите на посттрауматскиот стрес кај децата – тие биле нервозни, пречувствителни и бегале од сѐ ново и непознато. Кога подоцна се вратил во Англија и започнал приватна ординација, сфатил дека многу деца кои доаѓаат кај него – ги имаат истите симптоми како децата од воените зони!

Тој заклучил дека, иако се безбедни во физичка смисла, овие деца живеат во „ментална“ воена зона каде постојано трпат напади од стравовите, желбите и амбициите на нивните родители. Во нивните животи имало премногу од се, што предизвикало „кумулативна стресна реакција“, еден вид одбранбен механизам.

Современите деца се изложени на поплава од информации кои тие не се во состојба да ги обработат и разберат. Растат сѐ побрзо и побрзо, како и нашите очекувања.

Родителите го сакаат само најдоброто за своето дете. Го запишуваат на безброј активности – фудбал, музички школи, боречки вештини, балет.

Нивното време е планирано, а календарот им е полн. Нивниот животен простор е преполн со едукативни книги, гаџети и играчки. Просечното дете во западните земји има над 150 играчки и добива околу 70 нови годишно. Тоа е заслепено од толку многу бои и преплавено со избори. Поради ова, неговата игра е површна и не успева да потоне во фантазијата.

Во својата книга „Parenting Made Simple“, Пејн ги охрабрува родителите да го намалат бројот на играчки што ги имаат нивните деца, за конечно да можат да си играат.

Четирите „премногу“ против кои треба да се бориме се: премногу работи, премногу избор, премногу податоци и премногу брзина, објаснува тој.

Кога децата се преоптоварени, немаат време за размислување, истражување и опуштање. Тие стануваат несреќни. Немаат време да се „досадуваат“ и да си ги организираат мислите и впечатоците.

На современото општество му се случи т.н. проблем на „варена жаба“ – незабележливо ги лишивме децата од детството и ги принудивме нивните незрели мозоци да се борат со постојаното забрзување на животот.

Научете да кажувате НЕ
Развојниот психолог Дејвид Елкинд вели дека децата губат 12 часа слободно време неделно во последните две децении. Дури и децата од предучилишна возраст се пренасочени од игра во учење. Во училиштата одморот се откажува и се заменува со учење. Организираните спортови стануваат единствена физичка активност, а се покажало дека ја убиваат креативноста кај младите, бидејќи им го одземаат слободното време за нејзин развој.

Што можат да направат родителите за да ги заштитат своите деца од новите „стандарди“ пропишани од современото општество?
Едноставно кажете НЕ. Ако не научите да кажувате НЕ, ќе го жртвувате вашето дете на олтарот на модерниот тренд на натрупување на животот со работи, обврски, потреби, амбиции.

НЕ, Петра не може да дојде на роденден овој викенд. НЕ, не ѝ треба уште еден комплет популарни играчки. НЕ, нема да може да оди на бесплатната креативна работилница во среда. НЕ, не може да оди на тренинг во недела.

Само така ќе се изборите за тоа драгоцено слободно време без наметнати обврски и ќе му дадете мир на вашето дете во овој хаотичен свет. На овој начин децата ќе можат да се опуштат и да се опорават од сите дразби на современиот свет кои со секојдневно се соочуваат. Така, детството ќе ѝ служи на својата цел и ќе му обезбеди на детето безбедно засолниште за раст и развој.

Мора да станете нивен филтер. Целиот живот е пред нив и ќе има време за сѐ, освен да бидат повторно деца.

Повеќе